Следење упатства

Потребни материјали: Топче, лист или цвет, детска капа, итн.

Што можете да правите заедно: Ајде да одиме надвор! Излезете со вашето дете (и ако е можно и други членови на семејството на отворено во дворот, во парк или друго игралиште во близина. Охрабрете го вашето дете да ги користи своите нови вештини за одење и трчање за да ужива во истражувањето под ваш надзор. Можете и да играте игра „следење на упатства“. Дајте му на вашето дете да направи две работи истовремено.  На пример, „Стефан, дали можеш да ја земеш топката и да ми ја фрлиш?“ Можеби ќе треба да гестикулирате или да му покажете како да ја фрли  еднаш или двапати. Пофалете го детето за сè што прави.  Ако две упатства изгледаат премногу предизвикувачки, играјте со само една едноставна инструкција и обидете се повторно друг пат.  Играјте повторно и повторно сè додека вашето дете ужива во играта. Давајте му различни упатства со забавни активности: „Дали можеш да истрчаш до тато, а потоа да се вратиш кај мама?“ „Дали можеш да ја земеш топката и да ја фрлиш накај дедо?“ 

Што учи вашето дете: Вашето дете учи да разбира и следи едноставни упатства во два дела. Како што расте, тоа ќе може да следи уште посложени упатства, подготвувајќи се за на училиште и уште попредизвикувачки активности за учење. Вашите пријатни игри дома го стимулираат когнитивниот развој (расудување) на вашето дете, како и неговите јазични и комуникациски вештини (разбирање на упатства дадени од другите).