Слушам, слушам...

Потребни материјали: Не се потребни.  

Што може да правите заедно: Еден играч слуша звук во околината и ја кажува првата буква од предметот или животното кое го произведува звукот. На пример, ако можете да слушнете птица, ќе кажете “Слушам, слушам, нешто што почнува на буквата П…”. Другите треба да погодат што е тоа – толку е едноставно! Секој пат кога некој ќе погоди, се заменуваат улогите. 

Научниците се уверени дека плавите китови можат да слушнат звуци од други плави китови иако се оддалечени стотици километри едни од други. 

Што учи вашето дете: Оваа активност е слична на „на буквата, на буквата...“’ со таа разлика што – погодивте – се заснова на слушање наместо гледање! Одлична е за развивање на детските вештини за набљудување и - најдобриот дел? Децата ќе бидат мирни и тивки додека ги слушаат звуците околу нив!