Смешна симфонија
Потребни материјали: Ќеси за пазар, пластични цевки, празни лименки.
Што може да правите заедно: Однесете ги децата во дворот, парк, покрај река или езеро во вашата околина. Додека шетате, побарајте од нив да најдат предмети кои можат да произведат интересни звуци - суви лисја, камчиња, школки, гранки, шишарки итн. Охрабрете ги да размислат какви звуци би можеле да произведат тие предмети. Откако ќе ги соберат, побарајте да ги наредат во круг, заедно со лименките и пластичните цевки...сега е време да се направи врева! Каква музика можат предметите за да направите смешна симфонија?
Еден оркестар во Австрија користи инструменти направени само од зеленчук. После настапи, музичарите ги користат инструментите за да си направат супа!
Што учи вашето дете: Правењето музика со различни предмети е одличен начин децата да ја откриваат својата креативност, да вежбаат слушање и да учат за материјалите и светот околу нив. Оваа игра е исто така добра за подобрување на вниманието на детето и за градење на самодоверба.