Специјална кутија
Потребни материјали: Кутија што не ја користите за други работи. Ќе биде одлично ако кутијата има капак што вашето дете може да го отвори; разни мали предмети кои ќе ги ставите во кутијата. Бидете сигурни дека предметите се безбедни за детето. Тоа можат да бидат некои играчки, или само предмети кои ги имате дома.
Што можете да направите заедно: Покажете му ја кутијата на детето, отворете го капакот и изненадете се. „Еј, види што има тука! Ова е твојата специјална кутија, со специјални работи внатре. Ајде да си играме со нив! “ Потоа можете да му покажете (доколку е потребно) како да ги соберете предметите, да ги извадите од кутијата и да ги ставите повторно внатре. Ќе биде забавно ако некои од нив прават звуци, како на пример лажици. Оставете го вашето дете да седи и да игра на начин кој го сака, со вас во близина.
Задолжително чувајте ја кутијата со предметите на исто место, така што вашето дете може да ја најде кутијата и да игра на моменти самостојно.
Што учи вашето дете: Овој вид активности му помагаат на вашето дете да стане повешто во користењето на мускулите на неговите прсти и раце. Се подобрува и когнитивниот развој, бидејќи тоа планира што да извади и врати, и како работите се вклопуваат заедно.