Страв од непознати лица: бебиња и мали деца
Страв од непознати лица
За бебиња и мали деца, стравот од непознати лица е многу чест. Тоа е нормална фаза во развојот на децата.
Се случува како вашето бебе развива здрава приврзаност кон познати луѓе - како на пример вие. Бидејќи бебињата претпочитаат познати возрасни лица, тие би можеле да реагираат на непознати со плачење, да бидат многу тивки, да изгледаат исплашено или да се кријат.
Стравот од непознати обично станува поинтензивен на околу 7-10 месеци. Може да трае неколку месеци или да продолжи многу подолго. Обично поминува некаде помеѓу 18 месеци и 2 години.
На пример, 10-месечно бебе кое оди во градинка уште од 6 месеци може да се вознемири ако дојде нов негувател во центарот. Може да плаче, да ја пика главата во вратот на мајка си или да вика кога негувателот се обидува да ја земе од мајката или таткото.
Како да им се помогне на децата кога имаат страв од непознати лица
Иако стравот од непознати лица е дел од нормалниот развој на бебиња и мали деца, постојат работи што можете да ги направите за да му помогнете на вашето дете да се чувствува помалку вознемирено.
Како да му помогнете на вашето дете да се чувствува удобно околу непознати лица
- Не го игнорирајте и не се смејте на стравот на вашето дете од непознати. Ова може да го влоши стравот.
- Држете го детето за рака или седнете го во скут кога ќе се сретне со нови луѓе.
- Запознавајте го со непознати прво дома, доколку е можно. Дома е местото каде што вашето дете се чувствува најудобно.
- Ако вашето дете станува многу вознемирено со нова личност, утешете го и обидете се со поинаков пристап, како на пример сите да играте некоја игра заедно. Можете исто така да го преместите вашето дете малку подалеку од новата личност додека не се смири. Потоа можете да се обидете повторно.
- Земете ја омилената играчка на вашето дете со вас кога поминувате време со нови луѓе.
- Останете смирени.
Не брзајте
- Бидете трпеливи. Не го терајте детето да оди кај нови луѓе пред да биде подготвено. “Ми се чини дека сакаш да останеш со мене уште малку. Ајде прво да ја разгледаме сликовницата. “
- Кога ќе го запознаете вашето дете со некој непознат, останете со него.
- Замолете ги непознатите возрасни лица, како пошироко семејство или возрасни пријатели, да почекаат некое време пред да го земат вашето дете.
- За малку постари деца, објаснете му на детето кој е новиот човек и што се случува. На пример, кажете му: “ова е мојата другарка Ана. Таа сака да си игра со камиони, исто како и ти! Ана ќе дојде со нас кога ќе одиме кај баба и дедо. Вечер ќе се вратиме за да те бањам. “
Средба со нови луѓе
- Продолжете да го запознавате детето со нови луѓе. Колку повеќе шанси вашето дете има да се сретне со нови луѓе и да открие дека се чувствува безбедно со нив, толку е поголема веројатноста дека неговиот страв ќе се намали.
- Покажете му на вашето дете дека не се плашите од нови луѓе. Поздравете ги топло со позитивни гримаси и движења на телото — насмевки, опуштено држење, контакт со очите и среќен глас.
- Помогнете им на постарите деца да практикуваат некои стратегии за справување со нови луѓе - на пример, “ајде да дишеме заедно” или “еве ти еден голем бакнеж кој ќе ти трае цел ден. Може ли и јас да добијам еден? ' Овие едноставни стратегии можат да му помогнат на вашето дете да се чувствува посигурно околу непознати луѓе.
- Не грижете се за чувствата на возрасните. Само кажете им дека вашето дете сè уште учи да биде околу непознати.
Страв од непознати кај деца над две години
Кај повеќето деца, стравот од странци почнува да поминува околу две години, но не е невообичаено и постарите деца да се плашат од непознати лица .
Еден начин да помогнете со стравот од непознати луѓе е да работите на градење на независноста на вашето дете. Ако вашето дете се чувствува понезависно, ќе се чувствува посигурно околу непознати.
Еве неколку совети кои ќе помогнат во градење на независност:
- Дозволете му на детето да ги прави работите само, да се храни само, да истражување нови средини за игра и да се забавува со играчки.
- Овозможете му на детето многу нови искуства и запознавајте го со нови лица. Со текот на времето, тоа ќе сфати дека ништо лошо нема да се случи.
- Обидете се да не брзате да ги решавате проблемите и да му дадете на детето шанса самото да ги реши.
- Поттикнете го вашето дете да биде одговорно за некои едноставни семејни задолженија - на пример, ставање работи во количка во супермаркет, проверка на сандачето или поставување на масата за јадење.
- Помогнете му на вашето дете да научи да останува на спиење далеку од дома. Ова ќе ви помогне ако треба да го оставите вашето дете на спиење преку ден или навечер - на пример, во градинка или за преспивање во куќата на роднина.
Кога треба да се побара помош помош за вознемиреност од непознати
Повеќето деца под две години се малку плашливи во близина на нови луѓе. Ако стравот на вашето дете од непознати трае во подоцнежните години и е навистина интензивен, или се влошува, може да разговарате со вашиот матичен лекар за вашите грижи и за различни начини за помош.