Сушени цвекиња
Потребни материјали: кујнски брисачи, картон, тешки книги, преса .
Што можете да правите заедно: Следете ги следните чекори:
- Излезете надвор и соберете свежи цвекиња - оставете ги дивите цвекиња да им се радуваат на пчелите и пеперутките! Сушењето цвекиња е всушност извлекување на влагата од нив, затоа е најдобро да соберете суви!
- Наредете ги цвекињата на кујнски брисачи и одозгора ставете уште едн слој брисачи. Направете „сендвич“ со ставање помеѓу два слоја картон (кутија од житарки е идеална за оваа активност!
- Ставете го „сендвичот“ со цвекиња под некоја тешка книга (како на пример енциклопедија). По неколку дена, проверете како се промениле цветовите. Дали се избледени или ја задржале бојата? Експериментирајте со различни цвекиња, темјанушките се особено добри за сушење, затоа што долго ја задржуваат бојата.
Малите цветови изгледаат особено добро кога се сушат, како на пример темјанушки или камилица.
Што учи вашето дете: Ова е одличен начин да ја внесете уметноста од природата во вашиот дом. Сушењето цвекиња одговара за секоја возраст и се што ви е потребно веќе го имате дома. Сушените цвеќиња изгледаат прекрасно на предната страна од роденденска честитка и се начин вашите деца да се заинтересираат за природата.