Таен шпион

Потребни материјали: Не се потребни.   

Што може да правите заедно: Седнете ги децата во група. Еден играч тајно одбира предмет од околината што сите играчи можат да го видат и кажува „јас сум таен шпион, погодете што гледам?“ „Шпионот“ треба да им каже на другите играчи од колку букви се состои предметот што треба да го погодат. Ако другите играчи не го погодат предметот или се откажат, „шпионот“ мора да го каже предметот и потоа одбира нов. Ако некој играч го погоди, тој е следен на ред да биде „шпион“.  

Бидете храбри и одберете предмет секогаш на друга страна - ова ќе ги натера другите играчи да се обидат повеќе да погодат! 

Што учи вашето дете: Таен шпион е одлична игра за детски забави, пикник или кампување. Ги тера децата да обрнат внимание на околината околу нив и да се концентрираат. Исто така им помага и да избројат колку букви имаат зборовите што го опишуваат предметот!