Ти си на ред, ја сум на ред

Потребни материјали: Секоја едноставна игра со правила, како што се игра со карти или табла, „Не лути се човече“ итн. За игра со карти, користете карти кои ги имате или направете свој сет.  Може да нацртате парови со едноставни форми или слики (две птици, две мачки, итн.). Било која друга едноставна игра во која вашето дете може да ужива во затворено или надвор.  Ова може да биде традиционална игра од вашето детство.

Што можете да направите заедно: Играјте ја играта заедно на начин на кој вашето дете ужива. Ќе откриете дека вашето дете може да следи некои од правилата, но други лесно ги заборава.  Тоа е нормално!  Додека играте, ќе се менувате наизменично: „ти го помести човечето за три места. Сега јас сум на ред “.  Или „Одлично!  Најде две карти со слики од мачки. Сега е мојот ред да изберам “.  Користете ги зборовите „ти си на ред“ и „ја сум на ред“ доволно често за да разбере што значи тоа.  Може да прашате „кој е сега на ред? Ти благодарам!"  Искуството за играње направете го пријатно, не користете зборови како „победник и губитник“, туку да се забавувате додека играте игра заедно. 

Вашето дете ќе ужива во која било едноставна игра ако ја игра со вас!

Што учи вашето дете:  Како што вашето дете расте, ќе има многу ситуации во кои ќе треба да следи правила (стоење во ред на училиште, чекање да добие материјали за извршување на училишна активност итн.).  Овој вид активност е пријатно, постепено запознавање со овој вид на искуство.  Чекањето на својот ред е важен чекор во когнитивниот и социјалниот развој на децата и оваа активност е еден од начините да се практикува.