Типичен раст на новороденче: првите 6 месеци
Детето расте најбрзо во првите месеци од животот, а потоа растот постепено се забавува.
Body
По раѓањето, во првите три месеци, детето расте најбрзо, а потоа продолжува интензивниот раст, но со мало забавување. Во овој период, исхраната и сè уште недоволно дефинираните генетски фактори имаат клучно влијание врз стапката на раст, заедно со соодветната поддршка од непосредната околина. Детските болести можат да доведат до одредени отстапувања, но со ваша соодветна поддршка, тие обично имаат привремен ефект.
- Растот на вашето дете се проценува со мерење на параметрите за раст: телесна тежина, должина на тело (до 2 години должината се мери во легната положба) и обем на главата, а потоа се споредуваат со стандардите за раст издадени од Светската здравствена организација (СЗО). За секојдневна употреба, овие стандарди се преставени со графикони за раст кои се различни за машките и жнските деца
- На секоја рутинска здравствена контрола (бројот на посети варира во различни земји), вашето дете ќе биде измерено, а добиените вредности ќе бидат внесени во графиконите за раст, со што ќе се следи дали вашето дете напредува добро и дали е на добар пат. .
При раѓање:
- Просечните вредности на телесната тежина и должината на телото при раѓање, се малку повисоки кај момчињата (околу 3600 g и 51,5 cm) во споредба со девојчињата (околу 3500 g и 50,5 cm), што јасно го одразува влијанието на генетските фактори врз растот. Просечниот обем на главата е околу 35 см.
Прв месец:
- Немојте да бидете изненадени ако вашето дете изгуби до 10% од неговата телесна тежина во првите денови по раѓањето. Ова се очекува, загубата е привремена и ќе се надомести со соодветна грижа и исхрана, по можност со мајчино млеко, најдоцна до крајот на втората недела од животот.
- Во наредните денови, се очекува детето да започне да добива на тежина, во просек од 20 до 30 грама на ден.
- Првиот месец е месец кога детето се навикнува на животните услови во надворешната средина и има големи варијации во растот. Затоа може да се случи вашето дете да добие само 400 грама или ако е родено големо, често бара да се дои и спие добро, може да добие 1000 грама и повеќе. За тоа време, расте во просек од 4,5 до 5 см.
- Особено се следи растот на главата бидејќи е условен од брзината на раст на мозокот. Мозокот е исполнет со многу информации од околината и расте со фантастична брзина, така што во текот на овој месец обемот на главата може да се зголеми за околу 2,5 см.
Први три месеци:
- Вашето бебе ќе продолжи да расте со приближно иста брзина како и во текот на првите неколку недели од животот. Во текот на овие месеци, се очекува тоа да добие од 700 до 900 грама, да расте 2,5 до 4 см и 1,2 см во обем на главата месечно. Дадените бројки се само просечни вредности и затоа се можни благи отстапувања за типичен раст и напредокот на вашето дете ќе се процени врз основа на целокупната слика.
6 месеци
- Од четвртиот до седмиот месец, детето ќе продолжи да добива околу 450 до 550 гр месечно. За тоа време, тоа ќе порасне околу 6 см, а обемот на главата ќе се зголеми за околу 2,5 см.
- Во периодот од 4 -ти до 6 -ти месец, повеќето деца ја дуплираат својата телесна тежина при раѓање. За предвремено родени бебиња, ова може да се случи во текот на 3-4 месечна возраст.
Растот на секое дете е единствен и ако детето има оптимална исхрана и околина која го негува, генерално го следи моделот на раст утврден во првите месеци од животот, додека редовните мерења и водењето на графиконите за раст ни помагаат правилно да го следиме.