Топка во кош
Потребни материјали: Едно меко топче, или замотани чорапи; голема кутија, мијалник или голема корпа.
Што можете да направите заедно: Ставете ја кутијата или корпата во просторијата и застанете на кратко растојание од неа. Со цел да го привлечете вниманието на вашето дете, можете први да ја фрлите топката во кошот и да го придружите тоа со среќни овации. Кога детето ќе се заинтересира, оставете го самото да проба. За некои деца во овој период, фрлање на топка во кош може да биде тешко. Дури и ако не е успее да ја фрли топката во кошот, вредноста и уживањето во оваа активност е во практикувањето на фрлање како движење. Наградете го секој обид со пофалби, насмевка, аплауз и охрабрување. Обидете се да фрлате наизменично (можете да кажете „Сега мене ми е ред! Сега ти си на ред! “ или на пример „ ова беше одлично фрлање! “ или „ Еј, топката отиде на каучот; ајде да ја земеме!“) и навивајте за секој обид без оглед на успехот.
Што учи вашето дете: Вашето дете развива груби моторни вештини и координација на движењето имитирајќи ги вашите постапки. Детето исто така го учи концептот „мојот ред“ играјќи со вас.