Топки во кутија

Потребни материјали: Неколку топчиња со различна големина (ова може да бидат меки топчиња од завиткани чорапи или хартија); картонска кутија поголема од најголемата топка.

Што можете да направите заедно: Играта може да се игра во затворен простор (ако топчињата се меки) или на отворено. Поттикнете го вашето дете да се обиде да фрли топка во кутијата. Покажете му на детето како да го направи тоа, и на почетокот застанете многу близу до кутијата. Како што детето подобро фрла, поттикнете го да се оддалечи од кутијата. Пробајте го ова со топчиња со различна големина. Вашето дете исто така ќе ужива да го прави ова самостојно.  Ако вашето дете е заинтересирано, можете исто така да броите колку пати успеало да ги фрли топчињата во кутијата.  

Што учи вашето дете: Со оваа и другите игри, вашето дете ги развива своите физички вештини. Тоа учи како да ги контролира своите движења за да направи прецизно фрлање.  Станување покомпетентен во оваа вештина му помага да ја изгради својата самодоверба. Доколку додадете броење на погодоците, вашето дете исто така ќе ги подобри своите рани математички способности.