Тргни ја капата

Потребни материјали: Капи со различна големина или форма; еден стол.

Што можете да направите заедно: Ставете го вашето малечко да седи на стол или на мека површина. Може да го седнете на подот, да седи пред вас и да ја започнете активноста.

Прво ставете ја капата на вашата глава и кажете му: „види ја мама со капа! Ова е капа“, а потоа тргнете ја капата и кажете му: „сега ти си на ред“.

Ставете ја капата на главата на вашето малечко и кажете му: ајде сега тргни ја сам, и можете да имитирате како треба да се отстрани капата. На оваа возраст, мора да ги прославите неговите успеси. Кога детето ќе ја симне капата, можете да аплаудирате или да му кажете: „многу добро направено!“. Друг метод би бил вие и вашето малечко да имате капа и обајцата да ја тргнете истовремено или тоа да ја земе од вас и вие од него.

Што учи вашето дете: Оваа активност ќе му помогне на вашето малечко за зајакнување на моторните движења, развој на социјална интеракција и говорни вештини. Вашето дете учи да седи без никаква поддршка.