Уметност од природата

Потребни материјали: Гранки, лисја, суво цвеќе, шишарки, камчиња итн.  

Што може да правите заедно: Одете заедно со децата во двор или парк за да побарате природни материјали кои изгледаат интересно. Гранки, лисја, суви цвеќиња и шишарки се секогаш омилени на децата, но охрабрете ги да наоѓаат и други интересни предмети - на пример пердуви, камчиња, лушпи од ореви, мали гранчиња итн. Побарајте од децата да ги наредат предметите пред нив и да размислат што сакаат да направат од нив. Можат да ги наредат едно врз друго и да направат скулптура или да ги наредат во некоја форма. Или можеби сакаат да ги однесат дома и да ги бојат или залепат на роденденска честитка?Можностите се неограничени со предмети од природата - најважната работа е да се забавувате и да бидете креативни! 

Есента е особено добро време за правење уметнички дела со предмети од природата - побарајте од децата да пробаат да најдат и избројат колку различни бои на листови можат да пронајдат за од нив да направат скулптура! 

Што учи вашето дете: Проучувањето на надворешното опкружување е одличен начин за децата да искусат цела низа на надворешни сензорни искуства - ќе откријат дека можат да пронајдат неверојатно различни природни богатсва кои ќе ги соберат, проучат и со кои ќе експериментираат! Како што откриваат, ги чувствуваат и играат со природните материјали, децата ги зајакнуваат своите моторни вештини и учат за боите, текстурата и формите. Тоа исто така ја поттикнува нивната имагинација и креативниот занес.  Клучна работа е да се ужива во процесот, затоа одбегнувајте да им давате упатства, само играјте!