Вербална и физичка интеракција - родова перспектива
Родителите и старателите можат намерно или несвесно да ги пренесат своите родови предрасуди на своите деца. Од мали нозе, девојчињата може да бидат пофалени за нивниот изглед, додека момчињата се охрабруваат да покажуваат физичка сила. Родителите може да ги третираат девојчињата како поранливи додека момчињата може да бидат охрабрени да „бидат силни“. Родителите може да бидат поочигледно физички наклонети кон девојчињата, додека момчињата се сметаат за „поиздржливи“. Затоа, преку систем на социјални стимулации и казни, девојчињата и момчињата постепено се учат да се однесуваат според однапред дефинирани, прифатени норми за нивниот пол. Често на тригодишна возраст, децата можат да почнат да се идентификуваат како девојчиња и момчиња, а на петгодишна возраст децата можат да ви кажат „Што прават девојчињата“ а „што момчињата“. Во некои контексти, девојчињата се третираат со поголемо запоставување, на пример, со помал внес на хранливи материи од момчињата, не се обезбедува примарна здравствена заштита, се охрабруваат да преземат одговорност за домашните обврски, итн. (Лундберг, 2005).
Совети за родителите:
- Иако децата може да се развиваат со различна динамика, развојните одредници за девојчињата и момчињата се исти
- Обезбедете им на децата од двата пола еднакви и соодветни здравствени услуги и исхрана
- Погрижете се децата од двата пола да се третираат со љубов и грижа уште од раѓање.
- Родителите и старателите треба да се воздржат од силно истакнување родови идентитети на нивните деца, притоа креирајќи им средина која овозможува учење и раст поединечно, на пример, играчки кои поттикнуваат градење или создавање нешто. Обезбедете им на децата искуства, вклучувајќи играчки и игри кои стереотипно се поврзани со спротивниот пол
- Избегнувајте јазик или шеги кои можат да ги зајакнат родовите стереотипи наменети да бидат погрдни, на пр., „плаче како девојче“, „таа е како машко“, „таа премногу шефува“, „тој е премногу мек“ итн.
- Погрижете се родителите и старателите да покажуваат родово неутрално однесување или да учествуваат во однесувања кои се стереотипно поврзани со спротивниот пол, на пример, татковци кои готват во кујната, мајки кои учествуваат во спортови на отворено, итн.
- Охрабрете ги децата од двата пола да ги изразат своите чувства и да бидат емотивно отворени и искрени кон други деца.
- Охрабрете ги децата да градат односи со своите врсници
- Родителите и старателите се охрабруваат да учествуваат во програми за обука и едукација за родителство за да овозможат развој на нивните сопствени вештини и да ја подобрат свеста за нивните сопствени предрасуди