Вопаление на синуси (синузит)

Синузит е воспаление на синусите околу носот и челото. Симптомите вклучуваат слуз што излегува од носот, и притисок, болка или оток околу очите и носот. Однесете го вашето дете на лекар ако мислите дека има синузит. Антибиотиците се најчестиот третман. Парацетамолот може да помогне кај болка, а солените назални капки можат да помогнат при конгестија.
Body

Причини за синузит

Синузит е воспаление на синусите околу носот и челото.

Синузит може да биде предизвикан од инфекција или алергија. Кај децата, најверојатно ќе биде вирусна инфекција, но може да се претвори во бактериска инфекција.

Децата со семејна историја на алергија се со поголема веројатност да развијат синузит.

Синузит е почест кај постарите деца и возрасни отколку кај бебиња и помлади деца.

Синусите се мали простори или вдлабнатини помеѓу коските на черепот и лицето. Тие напредно се развиваат по раѓањето и сите се поврзани, а исто така се поврзани со мали цевки до отворите во носот.

Симптоми на синузит

Ако вашето дете има синузит, ќе има продолжена (обично подолго времетраење од 7 дена) дебела, зелена слуз што излегува од носот. Може да има назална течност која тече низ задниот дел на грлото и ова се нарекува “пост-назална капка”. Може да предизвика иритација и кашлање.

Вашето дете може да почувствува притисок или затнатост во областа на заразениот синус.

Болката и отокот се вообичаени симптоми, особено под очите. Болката обично е полоша на едната страна од лицето.

Вашето дете исто така може да има треска и лош здив.

Дали вашето дете треба да оди на лекар за синузит?

Да. Треба да го однесете вашето дете кај лекар ако вашето дете има:

  • продолжени симптоми на синузит
  • треска, или генерално не е добро без очигледна причина
  • кашлица
  • вкочанетост на вратот и главоболка
  • оток на очите за време или по лоша настинка.

Ако вашето дете има синузит долго време, или продолжува да го добива, мора да го види доктор.

Тестови за синузит

На повеќето деца обично не им требаат тестови за дијагностицирање на синузит.

Во некои случаи вашиот лекар може да го испрати детето за КТ скенирање на лице за да види дали состојбата е хронична или комплицирана.

Третман на синузит

Во благи случаи не е потребен специфичен третман. Обични солени капки за нос или инхалација може да помогнат при конгестија.

Антибиотици (обично амоксицилин) се препорачуваат кога симптомите се тешки или продолжени (повеќе од една недела).

Парацетамол или ибупрофен во препорачаните дози може да помогне да се олесни секоја болка од синузит.

Нема докази кои покажуваат дека деконгестантните спрејови, кортикостероиди или антихистаминици помагаат при синузит.