Воспаление на крајници (тонзилитис)

Тонзилитис е воспаление на крајниците поради вирусна или бактериска инфекција. Симптомите вклучуваат болки во грлото, отежнато голтање, треска, отечени жлезди на вратот и главоболка. Ако мислите дека вашето дете може да има тонзилитис, однесете го на лекар. Дајте му на детето да пие чести голтки вода, во мали количини, со цел да остане хидрирано. Парацетамол и ибупрофен можат да помогнат при болки. 
Body

За тонзилитис

Тонзилитис е воспаление на крајниците.

Тонзилитот најчесто е предизвикан од вируси како настинка, грип или воспалени жлезди. 

Понекогаш и бактериска инфекција може да предизвика тонзилитис. Затоа, тешко се прави разлика помеѓу причинителот. 

Бактериските причини вклучуваат стрептококна инфекција (Стрептокок А). Ако не се лекува, овој вид инфекција може да предизвика компликации како шарлах, или пак да доведе до ревматска треска и воспаление на бубрезите (гломерулонефритис).

Децата под три години ретко добиваат бактериски тонзилитис.

Крајниците се две парчиња ткиво во задниот дел на устата. Лесно може да се забележат доколку устата се отвори широко. Крајниците се дел од имунолошкиот систем. 

Симптоми на тонзилитис

Ако вашето дете има тонзилитис, ќе се пожали на болки во грлото. Останати симптоми може да се:

  • тешкотии при голтање
  • треска
  • отечени жлезди кај вратот
  • главоболка
  • течење на носот и останати симптоми на настинка.

Во зависност од причината за инфекцијата, можна е појава на осип. 

Симптомите на тонзилитис обично се подобруваат по неколку дена и исчезнуваат во рок од една недела.

Дали вашето дете треба да посети лекар за тонзилитис?

Треба да посетите лекар доколку детето:

  • одбива да пие течности
  • повраќа
  • се жали на интензивна главоболка
  • е бледо и поспано
  • има проблеми со дишењето или голтање на плунката
  • има вкочанет врат
  • чувствува затегнатост во вилицата.

Доколку сте загрижени за симптомите на вашето дете, исто така посетете лекар.

Тестови за тонзилитис

Со брис од грло, може да се провери дали вирус или бактерија ја предизвикало инфекцијата. 

Исто така, постои и анализа на крвта за да се открие воспаление на жлездите. 

Третман на тонзилитис

Ако инфекцијата е предизвикана од вирус, нема да има потреба од антибиотици.

Антибиотиците се ретко потребни за третирање на тонзилитис кај деца помлади од 3 години.

Лекарот ќе ви препише антибиотици само доколку заклучи дека инфекцијата е предизвикана од бактерии.

Третманот со антибиотици треба да биде не подоцна од 9 дена од појавата на симптомите за да спречи ревматска треска. 

Симптомите може да се лекуваат со давање на:

  • мали, чести голтки вода за детето да остане хидрирано
  • парацетамол во препорачани дози за да помогне при болката.

Тонзилектомија е операција за вадење на крајниците. Тонзилектомијата не е рутинска операција. Главната причина за тонзилектомија е тешка опструкција на протокот на воздух во белите дробови за време на ноќниот сон (опструкција на горните дишни патишта), од зголемени крајници. Друга причина за тонзилектомија е тонзилитис кој постојано се враќа, многу често. Ако вашиот лекар смета дека детето може да има корист од тонзилектомија, ќе ве испрати кај специјалист за уво, нос и грло.