Време поминато на екран и вашето семејство: здрав пристап

Здрава употреба на уреди со екрани во семејството значи користење на начини кои се добри за вашите односи и начин на живот. Семејните правила може да ви помогнат да постигнете здрав однос кон употребата на екрани. Обидете се да бидете пример, имајте ја на ум возраста на децата, запознајте ги вашите деца како да корисат уреди со екран, користете квалитетни медиуми, поставете правила и споделувајте го времето поминато на екран.
Body

Односот на вашето семејство со екраните: дали е здрав?

Ако вашето семејство има здрава врска со уредите со екрани, вие:

  • сите се обидувате да користите екрани на начини кои се добри за вашите семејни односи
  • избегнувате употреба на уреди со екран за најмладите членови на семејството
  • секој може да користи екрани за да ги задоволи своите индивидуални потреби и интереси.

Можете да постигнете здрава семејна врска кон уредите со екран на тој начин што ќе зборувате за времето што го поминувате на екран и ќе се согласите околу основните правила и принципи за употреба на уредите со екран.

Нашиот водич од пет чекори подолу може да му овозможи на вашето семејство добар почеток.

Чекор 1: Демонстрирање на модел за здраво користење на уред со екран

Вашата употреба на уреди со екран и како зборувате за тоа, испраќа моќни пораки до вашето дете за местото кое таквите уреди треба да го имаат во семејниот живот. На пример, ако секогаш го имате вашиот телефон со вас дома, вашето дете дознава дека телефоните се многу важни.

Следењето на вашето користење на овие уреди може да ви помогне да ги разберете пораките што можеби ги испраќате. Ако вашиот телефон има функција за следење, можете да го користите ова за да ја следите неговата употреба. Со постарите деца, можете да побарате од нив и тие да го следат. Вие и вашето дете може да ја споредите употребата и да разговарате за тоа дали има нешто што сакате да го промените.

Исто така е добро да разговарате со вашето постаро дете за апликациите што ги користи, луѓето и групите што ги следи или интересни работи што сте ги прочитале. Ова помага да се создаде безбедна, доверлива средина дома каде што е во ред да се зборува отворено за користење на екранот.

Чекор 2: Запознајте се со развојот и потенцијалот на вашето дете како корисник на технологија

Запомнете, децата под 2 години не треба да користат технологија за било која намена, освен видео повици за да бидат поврзани со семејството.  Употребата во предучилишна возраст, исто така, треба да биде ограничена и избалансирана со многу физичка и социјална игра.  Запознавањето со вашето дете како сегашен и потенцијален корисник на технологија ќе ви помогне да ги разберете неговите технолошки интереси, потреби и грижи. Можете да го направите ова со барање од вашето постаро дете да зборува за тоа како ги користи екраните и за што ги користи.

Може да откриете дека вашето дете користи екрани на начини на кои едноставно не ги разбирате. Можете да побарате од вашето дете да ве научи на игра, така што ќе добиете чувство за тоа зошто тоа го сака толку многу.

Чекор 3: Користете квалитетна содржина

Добра и квалитетна содржина е од суштинско значење за вашето дете во развој. Содржината има дополнителна вредност ако се поврзува со неговите интереси, ја поттикнува неговата имагинација или додава длабочина на нешто што го учи на училиште.

Поттикнете го вашето постаро дете да користи квалитетни апликации, игри, ТВ-емисии, филмови и видеа на YouTube и разговарајте со него за информациите, идеите и активностите во медиумите што ги користи. Можете исто така да му помогнете на вашето дете да направи информиран избор покажувајќи му како да најде сигурни прегледи на дигиталните медиуми и содржини.

Добра идеја е да му дозволите на вашето дете да ве види дека правите квалитетни избори за она што го користите или гледате. Зборувањето за вашиот избор со вашето дете е исто така важно.

Многу семејства имаат повеќе уреди во нивниот дом - телефони, компјутери, таблети и така натаму.  Бидете свесни за она што дури и многу мали деца може да го видат. На пример, некои слики од вестите или во видео игрите можат да бидат доста насилни и вознемирувачки, дури и за мали деца кои не разбираат што гледаат.

Чекор 4: Преговарајте за правилата за употреба на уреди со екран во семејството

Правилата се начин за управување со времето поминато на екран. Тие можат да им помогнат на сите да ги разберат очекувањата на вашето семејство. Еве неколку прашања кои ќе ви помогнат да преговарате за правилата за употреба:

  • На кој му е дозволено да гледа? (имајте ги на ум возраста и развојот)
  • Кога и каде можат да се користат уреди во вашиот дом? На пример, во дневна соба, но не и во спална?
  • Дали некои одредени веб-сајтови, игри или апликации се надвор од границите? Кои од нив, и зошто?
  • Кои информации е во ред да ги споделите онлајн?
  • Дали има некои игри или филмови кои треба да не се гледаат или играат додека помладите деца не легнат во кревет?
  • Што се случува ако некој ги прекрши правилата?

Вашите правила за користење на екранот треба да бидат доволно флексибилни за да ги покријат училишните денови, викендите и празниците. Правилата, исто така, треба да ги земат предвид променливите потреби и интереси на вашето дете додека расте.

Добра идеја е да ги прегледате правилата на секои неколку месеци и секогаш кога ќе воведете нов уред со екран во вашиот дом. Ова ви помага да се осигурате дека правилата сè уште ги задоволуваат потребите на сите.

Чекор 5: Користете уреди со екран заедно

Додека избегнувате екрани за вашите помлади, користењето на екрани со постари деца може да биде забавно сè додека правите многу други работи заедно.

Еве неколку идеи за повремено споделување на времето на екранот:

  • Пребарувајте онлајн со вашето дете за нешто за кое сте заинтересирани - на пример, активност за викенд или нов рецепт за готвење за вечера.
  • Играјте актуелна игра со вашето постаро дете, како онлајн сложувалка. Ова е забавно и може да биде нешто посебно што само вие двајца го правите. 
  • Преземете музичка апликација, потоа споделете ја и разговарајте за музиката што ја слушате.
  • Побарајте од вашето дете да ве научи како се игра онлајн игра во која тоа ужива, или да ве однесе на “турнеја” на неговите апликации и омилени веб-сајтови.
  • Бидете активни додека користите технологија заедно - на пример, одете на планинарење користејќи апликација за мапирање.

Секое време кое го поминувате со вашето дете споделувајќи ги неговите интереси е добра можност да изградите доверба, врска и комуникација. Тоа е точно онлајн, како и офлајн - побарајте можности да уживате во ентузијазмот на вашето дете за сите аспекти на светот.