Замисли дека твојот кревет е. . .

Потребни материјали: Не се потребни

Што можете да направите заедно: Додека децата седат на креветот, поттикнете ги да размислуваат што друго би можел да биде креветот. Дали е парна локомотива или авион? Глисер во спасувачка мисија ?! Каде патуваат и што можат да видат?

Можат да се сокријат под прекривките и да се преправаат дека се вештерки во пештера, правејќи тајна напивка. Или можеби се мечиња во темна шума на пикник ?!

За дополнителна забава, обезбедете неколку играчки и реквизити кои ќе ви помогнат да ја оживеете нивната авантура! Оставете ги се препуштат на нивните фантазии...

Активноста можете да ја претворите и во игра со погодување. Додека еден играч (или играчи) е на креветот, другиот се обидува да го погоди имагинативното сценарио.

Што учи вашето дете:  Децата имаат безгранична имагинација и можат да направат игра од речиси сè! Зошто да не ја испробате оваа активност на дождлив ден?