Занемарување на деца

Занемарување е кога родителот или старателот не успева да ги задоволи потребите на детето до степен што значително влијае врз неговиот физички и ментален развој.  Занемарувањето не е секогаш намерно и границата кога започнува не е секогаш сосема јасна.
Body

Одредени ситуации треба да се повторат неколку пати, со цел да се потврди сомневањето за занемарување. Занемарувањето е поделено на физичко, емоционално, здравствено и образовно. 

Знаци кои може да укажуваат на занемарување: 

  • Детето е постојано валкано и околу него се шири непријатна миризба. 
  • Детето е постојано облечено во облека или чевли кои се несоодветни (за временските услови или во однос на големината). 
  • Често присуство на состојби кои укажуваат на занемарување на личната хигиена на детето (на пример, шуга или вошки). 
  • Присуство на расипани заби, дебелина, неухранетост. 
  • Детето не напредува во растот и развојот, бидејќи е лишено од соодветна исхрана. 
  • Родителите или старателите имаат пристап, но не го носат детето на прегледи кај лекар/педијатар. 
  • Родителите или старателите ги одбиваат релевантните програми за подобрување на здравјето на децата кои вклучуваат имунизација, следење на развојот и слично. 
  • Неуспех да се обезбеди соодветен надзор во однос на возраста и карактеристиките на детето. 
  • Детето е згрижено од лице кое не е способно за тоа (поради здравствени, материјални или други причини). 
  • Каснувања од животни кај детето што може да укажуваат на тоа дека не се внимава на детето додека тоа е во контакт со животно. 
  • Повреди кои се случиле како резултат на несоодветен надзор (изгореници, внес на штетни материи). 
  • Родителот или старателот не бара лекарска помош, а детето покажува знаци на болест или болка. 
  • Животната средина во која детето расте има лоши хигиенски стандарди кои го загрозуваат здравјето на детето (влага, габи на ѕидовите, студ во станот/куќата, без електрична енергија, вода, ризик од пожар). 
  • Животната средина е несоодветна за развојното ниво на детето. 
  • Недостаток на помош и поддршка за време на школувањето. 
  • Неоправдано отсуство од училиште. 
  • Недоволно обезбедување грижа, внимание и љубов. 
  • Изјави на детето дека се чувствува осамено, напуштено, несакано.  

Ако сте заинтересирани да научите повеќе, погледнете  го видеото:

https://www.youtube.com/watch?v=kLk7ad2dNmE&feature=youtu.be