Заштитете го вашето дете од комарци
Најважно е да го заштитите вашето дете од каснување од комарци
Кога вашите деца се на отворено, облечете ги во облека со посветли нијанси, долги панталони, чорапи и маици со долги ракави.
Инсталирајте мрежи за комарци на прозорците и вратите, креветчето за бебиња и количката.
Постојат различни препарати (репеленти) на пазарот кои штитат од каснување од комарци. При изборот, секогаш следете ја возраста наведена на самиот производ (не сите производи се наменети за деца под 2 -годишна возраст), рокот на траење, упатствата за употреба (не важат за сите делови на телото, избегнувајте примена на производот на оштетена и иритирана кожа и нанесете мала количина).
Репелентите доаѓаат во форма на спрејови, ролони, гелови, влажни марамчиња и во различни големини; практични се за патување и добро е секогаш да ги имате при рака. Најдобро е да купите тестирани и регистрирани препарати.
Можете исто така да користите средства за заштита од комарци. Некои се приклучуваат во шструја, додека други се преносливи (работат на батерии) и може да се прицврстат на детска количка, облека, торба.
Избегнувајте престој во природа без препорачана заштита, во периодот кога комарците се најактивни, навечер, покрај реки, езера, неодржани тревни и пошумени области.
По каснување, најдобро е да нанесете ладна облога неколку минути (марамче, газа или пешкир натопена во ладна вода, или шише со вода во фрижидер), а потоа нанесете препарат што има смирувачки својства и го ублажува чешањето.