Заврши ја реченицата...

Потребни материјали: Не се потребни.  

Што може да правите заедно: Наизменично смислувајте реченици, но оставете еден до два збора кои другите играчи треба да ги дополнат. На пример, “_____ мачка сака да јаде ______." За да го задржите ритамот на играта, измислете цела приказна, но фокусирајте се на кратки реченици кои ќе ве насмеат! 

Обидете се да најдете интересни начини да започнете реченици кои почнуваат со „нашата“, „нивното“. На пример, започнете со „Бум“ или „никогаш“!

Што учи вашето дете: Оваа интересна групна игра ги тера децата да си играат со зборови, глаголи, именки, придавки и минато/идно време. Нема ограничување на бројот на смешни реченици кои можете да ги смислите заедно - и да се смеете заедно!