Зборување и игра: бебиња

Од 3 до 18 месеци, говорот на вашето бебе драматично се развива. Едноставни, пријатни интеракции и идеи за игра - како читање и пеење - ќе ги поттикнат вештините за зборување и говорење на вашето бебе.
Body

Што да очекувате 

Бебињата развиваат говор со различно темпо - некои учат брзо, а на други можеби ќе им треба малку повеќе време.

Кога вашето бебе почнува да учи да зборува, може да слушнете:

  • гугање, испуштање звуци 
  • составување едноставни слогови - на пример, „ба-ба“
  • копирање зборови
  • кажување „не“ со тресење на главата.

На 12-18 месеци, повеќето бебиња ги кажуваат своите први зборови. Но, на оваа возраст, вие и другите блиски членови на семејството можеби сте единствените луѓе што знаат што значат овие зборови! И покрај тоа што зборовите на вашето бебе се уште не звучат правилно, тоа сепак ужива среќно да дрдори кога разговарате. Исто така, сака да посочува познати предмети кога ќе ги именувате.

До роденденот број два, вашето бебе почнува да зборува подобро, но сепак некои букви можеби ќе му бидат тешко да ги каже правилно, како што е буквата „р“. Наместо тоа, тоа може да го изговори како „л“ - на пример, може да звучи како вашето дете да вели „цлвено“ наместо „црвено“.

Охрабрувањето на вештините за зборување е исто толку лесно како и слушањето и одговарањето на вашето бебе. Споделувањето приказни, песнички - дури и да му зборувате како сте поминале на работа - сите ќе му помогнат на вашето бебе да научи да зборува. Споделувањето на овие искуства со вашето бебе исто така помага да се изгради вашата врска.

Бебешки „јазик“

Ако го зборувате својот мајчин јазик (кој е различен од јазикот што нормално се зборува), вашето бебе ќе има одличен почеток!  Слушајќи ве како зборувате на тој јазик, ќе изградите основа што всушност му помага подоцна да научи втор јазик (мнозинскиот јазик на вашата земја, на пример). Идеите за игри подолу ќе помонат исто толку добро на вашиот мајчин јазик и ќе почнат да го развиваат неговото чувство за културен идентитет.

Играјте за да го поттикнете говорот

Колку повеќе зборови слушаат децата, толку повеќе можат да научат.

Еве неколку забавни работи што треба да ги направите заедно за да го поттикнете бебето да зборува:

  • Разговарајте со вашето бебе за работите што ги правите дома, дури и ако мислите дека се здодевни - на пример, „тато работи со правосмукалката за да ја собере прашината што те тера да киваш“.
  • Повторете ги обидите на бебето со зборови да поттикнат двонасочен разговор. На пример, ако тоа каже „мама“, вратете му со „мама“. Исто така, можете да ги повторувате и да ги надоградувате зборовите на вашето мало дете. На пример, кога бебето вели „воз“, вие велите: „Да, тоа е голем црвен воз“.
  • Покажете интерес за гугањето и говорот на вашето бебе гледајќи го во очи и со многу насмевки.
  • Одговорете на интересите на вашето бебе. На пример, ако вашето бебе започнува да игра со играчка воз, можете да му кажете „Ту тууууу, доаѓам“.
  • Читајте и раскажувајте приказни со вашето бебе.
  • Рецитирајте и пејте песнички.
  • Пофалете ги напорите на вашето бебе да зборува. На пример, ако покажува на куче и го именува, можете да кажете: 'Браво! Да, кучето се вика Лео!'

Менувањето пелени е одлично време за разговор лице в лице со вашето бебе. Може да пробате да зборувате, пеете и да гледате во лицето на бебето додека менувате пелени.

Загриженост за говорот кај бебиња

Ако сте загрижени за развојот на говорот на вашето дете - на пример, вашето бебе не мрмори или изгледа дека не ве слуша или не слуша кога другите зборуваат - добра идеја е да разговарате со вашиот матичен лекар или педијатар.