Животински звуци
Потребни материјали: Не се потребни.
Што може да правите заедно: Наизменично испуштајте животински звуци, додека останатите играчи се обидуваат да го погодат животното. Тие најверојатно ќе ги погодуваат познатите животни многу брзо, затоа обидете се со звуци од не толку вообиќаени животни – можеби звук на антилопа или шушкање на еж? Со среќа!
Звукот што го испушта лавот може да се слушне на далечина од 8 километри – тоа се отприлика 80 фудбалски игралишта!
Што учи вашето дете: Оваа забавна активност им помага на децата да ги поврзат животинските звуци во природата со животните кои ги испуштаат тие звуци. Од „муууууу“ за крава до „грррррр“ за лав, децата ќе уживаат да се препуштат на животинското царство и да ги прошират своите знаења за светот во природата.