Бе-се-же вакцина

Со цел да се заштитат од туберкулоза, на децата им се дава жива вакцина која содржи живи ослабени бактерии, Bacillus Callmete-Guerin (Mycobacterium bovis BCG).
Body

За вакцината

  • Вакцината не содржи конзерванси, антибиотици или додатоци (засилувачи на имунолошкиот одговор), туку само траги од супстанцијата што се користи во процесот на производство (медиум за лиофилизација, желатин и сахароза).
  • Пред новороденчето да го напушти породилното одделение, обично на вториот или третиот ден по раѓањето, тоа ја прима вакцината BCG со инјекција во кожата на левата надлактица. Во случај бебето да не примило вакцина од некоја причина (раѓање надвор од родилиште или друга причина), потребно е да се организира давање на вакцината се додека не наполни 2 месеци, а најдоцна на возраст од 12 месеци. 
  • Се очекува, на местото на давање на вакцината, во горната третина на левата надлактица, по 3 до 4 недели, да се појави локална реакција во форма на црвенило и стврднување, кое подоцна ќе омекне и обично ќе се испразни. За 2 до 5 месеци заздравува, оставајќи лузна која по созревањето е со белузлава боја и со големина од неколку милиметри. За време на овој процес, може да забележите мал оток на локалните лимфни жлезди.
  • Постоечката вакцина BCG е ефикасна главно против тешките форми на не-белодробна туберкулоза како што се: туберкулозна инфекција на мозокот и дифузни форми на болеста, но е само делумно ефикасна против белодробна туберкулоза, особено кај возрасни.
  • Вакцината BCG може да се дава заедно со други вакцини само на различно место за инјектирање.
  • Децата кои можат да имаат ослабен имунитет (имунодефициенција), како што се деца родени со ХИВ инфекција или други проблеми на имунитетот не треба да ја примаат вакцината.
  • Децата кои не примиле вакцина при раѓање и им е дијагностицирана туберкулоза, не ја примаат оваа вакцина.
  • Децата кои имаат сериозни компликации при раѓање, вакцината ја примаат по закрепнувањето.