Детето се гуши - Хајмлих постапка

Класичната постапка Хајмлих се изведува кај деца постари од една година. 
Body

Техники за изведување на постапката

Постапката се разликува во зависност од положбата на детето:

  • Ако детето стои или седи, пријдете му одзади и ставете ги двете раце околу градите на детето, под пазувите. Ставете ја едната рака, стисната во тупаница, во средината на стомакот, веднаш над папокот, а другата рака околу стиснатата тупаница. Потоа притиснете нагоре 5 пати по ред, внимавајќи да не го притиснете врвот на градната коска и долниот раб на ребрата. Заземете ја позицијата што најмногу ви одговара - можете да го кренете детето, да клекнете зад него или да го ставите на стол.
  • Ако детето лежи (без свест), постапката Хајмлих се изведува на следниов начин: детето се става да лежи на грб, а главата е исправена, така што лицето е свртено нагоре. Повлечете ги нозете на детето, ставете ја дланката на едната рака во средината на неговиот стомак (над папокот, под врвот на градната коска), ставете ја другата рака преку првата и притиснете нагоре 5 пати по ред. Ако проголтаниот предмет стане видлив по овие постапки, отстранете го и продолжете со вештачко дишење. Ако вештачкото дишење не доведе до подигнување на градниот кош, повторете ја истата постапка за да го исфрлите проголтаниот предмет или да примените друга постапка.

Во случај на тешка опструкција, каде што не сте во можност да го исфрлите проголтаниот предмет со удирања по грбот или со Хајмлиховата постапка, веднаш започнете со кардиопулмонална реанимација (КПР), без одлагање! Дајте 5 тест -вдишувања, и ако сеуште е блокиран преминот на воздух, продолжете со КПР само со притискање на градите. Јавете се на итна медицинска помош една или две минути по започнувањето на реанимацијата!

Што да не се прави: Не обидувајте се да отстраните некој предмет од устата на детето ако предметот не може да се види! Постои сериозен ризик предметот да се истурка уште подлабоко во душникот и со тоа да се влоши состојбата на детето.