Електронски цигари - нови производи од тутун

Електронски цигари - типичен производ на 21 век, резултат на пенетрација на технологијата во сите пори на општеството. Се базираат на загревање на течност (која обично содржи никотин) и создавање мешавина од мали честички кои се испуштаат во воздухот.
Body

Процесот на нивна употреба се нарекува испарување (vape - испарува), а се користи и терминот јуулинг, по еден од најпопуларните производи (се уште не е присутен кај нас).

За почеток, треба да се разјасни терминолошката конфузија кога станува збор за нови тутунски производи!

Во изминатите неколку години, на пазарот беше пласирана нова генерација уреди - производи за греење на тутун (ТХП), чија технологија се базира на загревање на тутунот, наместо на согорување. Бидејќи овие уреди не содржат течност како медиум за никотин, тие официјално не се класифицирани како електронски цигари, со кои обично се поистоветуваат. Поради специфичниот процес на загревање на тутунот при високи температури, тие се нарекуваат „без чад“, иако создаваат мала количина краткотрајна видлива пареа при издишување.

Иако производителите ги претставуваат овие уреди како револуционерна комбинација на софистицирана технологија и напредна наука и се залагаат тие да бидат прогласени за тутунски производи со модифициран ризик (што неодамна беше официјализирано од Американската администрација за храна и лекови), клучната точка не смее да се заборави:

Нивната основна состојка е НИКОТИН, што предизвикува зависност, а тоа е веќе повеќе од јасна здравствена закана!

Позицијата на Светската здравствена организација (СЗО) е недвосмислена - електронските цигари и другите нови уреди се неспорно штетни, што бара строга регулација на нивната употреба. Бидејќи ...

  • Се уште нема валиден доказ дека електронските уреди и уредите „без чад“ носат помал ризик по здравјето отколку традиционалните цигари, ниту за пушачите, ниту за пасивните пушачи.
  • Нема докази дека овие уреди помагаат да се откажете од пушењето. Напротив, двојната потрошувачка на обични и електронски цигари е се почеста.
  • Се поголем е бројот на корисници на електронски уреди за никотин кај младите луѓе.

За почеток - сосема е „тренди“ да пушите цигара надвор од кафуле или ресторан, во секое време од годината, наместо внатре! Додека чекаме науката да даде нови докази, препораката е - бидете претпазливи! Постојат многу други начини да ги следите модерните светски трендови ...