Пушењето е штетно за здравјето

Пушењето е водечка причина за смрт во светот, вклучително и кај нас.
Body

Тутунскиот „коктел“ содржи дури неколку илјади хемикалии! Стотици од нив се многу токсични за човечкото тело, а најмалку 70 супстанци спаѓаат во категоријата канцерогени.

Особено се издвојуваат ТРИ СУПСТАНЦИ од производи од тутун:

Никотин - делува на мозокот по само неколку секунди. Влијае на зголемување на крвниот притисок и го забрзува пулсот. Тоа е „виновно“ за создавање силна зависност од тутун!

Јаглерод моноксид - го зазема местото на кислородот во транспортот низ крвотокот и со тоа ја намалува количината на кислород, што ни е потребна за нормално функционирање на нашите ткива и органи.

Катран - ги стеснува малите дишни патишта во белите дробови и дополнително го попречува снабдувањето со кислород. Покрај тоа, се депонира во бронхиолите и, со текот на времето, предизвикува „кашлица кај пушачи“ и го олеснува развојот на многу инфекции на белите дробови.

Со оглед на сето погоре, не е изненадување што пушењето е главна причина за:

  • рак на белите дробови
  • исхемична срцева болест
  • хронична опструктивна белодробна болест

Покрај тоа, во голема мера придонесува за појава на:

  • артериосклероза
  • цереброваскуларни заболувања, вклучително и мозочен удар
  • над 20 видови и подтипови на малигни заболувања (уста, грклан, хранопровод, стомак, мочен меур, грлото на матката)
  • акутни респираторни заболувања
  • астма (како и нејзино влошување!).

Пушењето, исто така, влијае на влошување на репродуктивниот потенцијал, односно доведува до тешкотии во зачнувањето.

Над 8 милиони луѓе умираат секоја година од последици од пушење.