Kапeње на новороденче
Во првите 14 дена се препорачува бебето да се капе 2-3 пати неделно по 5 минути, само со чиста топла вода без сапун. Кожата се суши со тапкање, без грубо бришење.
Кога менувате пелена, доволно е да ја избришете кожата со памучна крпа натопена во топла вода, а доколку бебето имало столица, отстранете ја содржината со памучна крпа и добро исплакнете го со топла вода, особено кај наборите на кожата. Не е препорачливо да ја бришете столицата со тоалетна хартија или со сува пелена.
Секоја вечер, исчистете ги наборите на кожата под брадата, на вратот, зад ушите, под пазувите и меѓу нозете со топла вода; на крај, избришете ги гениталиите и задникот, секогаш од напред кон назад, со еден потег; повторете ја постапката се додека не е добро исчистено. Добро исушете ја кожата со тапкање.
Иако бебињата не се капат во првите денови по раѓањето, хигиената на кожата мора да се одржува. Бебињата може да се искапат на два начина:
- Со држење над раката
- Во када за бебиња