Капење на бебе во када
Пред да го искапете бебето, подгответе ги просторијата и работите кои ви се потребни за капење. Наполнете ја кадата со топла вода за да може да го потопите телото на бебето. Проверете ја температурата на водата со термометар; препорачаната температура е од 35 до 37 степени.
Двајцата родители се вклучени во капењето. Едниот родител го држи бебето во када, а другиот истура вода.
Држете го бебето на левата рака, така што палецот е под едната пазува, а другите прсти од другата страна на градите; потоа нежно спуштете ги нозете од бебето во вода, лесно навлажнете ги бутовите, грбот, рацете и кога ќе се навикне на водата, спуштете го во вода во лежечка положба, потпирајќи го со десната рака.
Бебето лежи на грб, со подигната глава и потпрено на подлактицата на родителот (главата треба да биде околу 5 см над водата); можете да користите подлога за када.
Со нежни движења, измијте го лицето, главата, рацете на бебето, потоа движете се надолу кон гениталиите кои се мијат последни; потоа треба да го свртите бебето и да го измиете задниот дел на вратот, грбот и задникот.
На крај треба да го земете бебето, држејќи го над раката и да го исплакнете со водата што сте ја подготвиле во бокал за плакнење; ова го прави другиот родител; прво исплакнете ја главата, а потоа телото и на крајот нозете.
По капењето, покријте го бебето со памучна крпа и завиткајте го во неа. Исушете ја кожата добро со нежно тапкање, без триење; коскениот дел од главата треба да се истрие со кружни движења, сè додека косата не се исуши целосно.
По капењето намачкајте ја кожата на бебето со хидратантен крем, бидејќи тогаш кожата може да апсорбира најмногу влага. На крај, уште еднаш истријте ја косата со сува крпа и исчешлајте ја со специјална четка или чешел што ја користите само за вашето бебе. Бебињата постари од 6 месеци, кои можат да седат стабилно и независно, можат да се капат во седечка положба, но со постојана поддршка.
Не оставајте го бебето само во кадата, во ниту еден момент додека го капете.