Можни несакани ефекти од вакцината против Streptococcus pneumoniae
За време на давањето на оваа вакцина, може да се појават несакани ефекти:
- болка, црвенило и оток на местото на инјектирање
- треска со температура 38 C и повисока
- поспаност
- раздразливост
- намален апетит
- главоболка
- малаксаност и дијареја
- осип на кожата
Овие реакции се лесни и се повлекуваат спонтано
Сугестии
Доколку се појават споменатите локални реакции, ставете облоги со ладна вода. Во случај на болка или треска, можете да дадете сируп парацетамол во доза од 10-15 mg на kg телесна тежина. Не се препорачува да се даде сируп парацетамол пред вакцинацијата.
Ако се појави каква било друга реакција, која не е наведена погоре, консултирајте се со педијатар.
Посилни алергиски реакции во форма на: груб осип придружен со чешање (како од допир со коприва), отекување на лицето и вратот, отежнато дишење, пад на крвниот притисок и несвестица, се исклучително ретки и обично се јавуваат додека детето е во детска клиника и бараат итна медицинска интервенција.