Можни несакани ефекти по примање на МРП вакцина

Вашето дете примило МРП, жива вакцина која содржи ослабени вируси на мали сипаници, заушки и рубеола, и која треба да го стимулира одбранбениот систем на вашето дете да создаде антитела (заштитни фактори) што ќе го штитат од овие болести
Body

МРП вакцината, како и секоја друга вакцина, може да предизвика некои несакани ефекти кои се главно благи и поминуваат спонтано.

  • Можни несакани ефекти се:
    • црвенило на местото на инјектирање
    • температура над 38 С.
    • болка и оток на местото на инјектирање
    • осип
    • раздразливост
    • губење на апетит
    • кивање
    • оток на лимфните јазли на вратот, пазувите, препоните
    • оток на паротидните жлезди
    • поспаност
    • повраќање и дијареја
    • Фебрилни конвулзии
  • Кај мал број деца, може да се јави „лесна форма на болеста“, обично од 5 до 12 дена по вакцинирањето со температура од 39 степени, осип, зголемени лимфни жлезди. Болеста е лесна, трае неколку дена, не бара третман и поминува без последици.
  • Алергиските реакции на МРП вакцината во форма на осип придружени со чешање се ретки и може да се појават заради други компоненти во вакцината кои се наоѓаат само во траги и претставуваат остатоци од процесот на производство. Вистински анафилактички реакции со оток на лицето и вратот, генерализиран осип, дишење и респираторен дистрес и пад на крвниот притисок се исклучително ретки.
  • Доколку некоја од несаканите ефекти стане сериозна или ако забележите несакани ефекти кои не се наведени во овој список, консултирајте се со вашиот педијатар.

Нема поголем ризик од аутизам кај деца кои примиле МРП вакцина, споредено со деца кои не ја примиле вакцината, за што сведочат бројни истражувања, како на пример во Данска (650 000 деца во периодот 1999-2010).