Можни несакани ефекти по вакцината против хепатитис Б
Кај мал процент на деца, како и после примање на кој било друг лек, можат да се јават минливи несакани ефекти како што се:
- локално: болка, црвенило и стврднување
- губење на апетит,
- поспаност,
- раздразливост, несоница
- чувство на замор
- главоболка
- повраќање, дијареја
- малку зголемена телесна температура.
Овие реакции се лесни и исчезнуваат спонтано за неколку дена.
По вакцинацијата, сериозни алергиски реакции се исклучително ретки (помалку од 1 на 10 000 дете кое ја примило вкацината) во форма на: оток на лицето и вратот, отежнато дишење, тешка слабост со вртоглавица и губење на свеста, помодрување на кожата, најчесто додека детето е сè уште во родилиште.
Совети:
Доколку по напуштањето на здравствената установа, вашето дете развие некоја од наведените алергиски реакции, веднаш контактирајте со педијатар или оддел за итни случаи.
Препорачливо е да останете во чекалната уште десет минути по вакцинирањето, со цел да го следите однесувањето на детето.