Неонатален конјунктивитис и блокиран солзен канал

Блага иритација или гној од очите, стеснет или блокиран солзен канал и конјунктивитис се најчестите проблеми и инфекции на очите кај новороденчињата и бебињата.
Body

Конјунктива 

Конјунктива е прозирната, мазна и сјајна структура што ја поврзува задната површина на очниот капак и очното јаболко. Инфекцијата и воспалението на конјунктивата, кои се јавуваат во текот на првиот месец од животот на бебето се нарекуваат конјунктивитис.

Неонатален конјунктивитис (Ophtalmia neonatorum).  Гнојното воспаление е предизвикано од инфекција за време на породувањето, односно при преминот на фетусот низ породилниот канал. Може да биде предизвикана од бактерии или вируси. Најчестите инфекции се гонокок (гонореја), стрептокок, кламидија и вирусот на херпес. 

Симптомите се појавуваат од 5 дена до 2 недели по раѓањето, во форма на болка, изобилство на гноен секрет, црвенило на очните капаци и конјунктивата. Мора да се направи брис за очи и третманот да се започне веднаш.

Со цел да се спречи неонатална офталмија, обично се даваат антибиотици во форма на капки или други раствори (обично повидон јод во форма прилагодена за примена на окото) и се применуваат веднаш по раѓањето на сите новороденчиња. Овие лекови, исто така, можат да доведат до асептично воспаление (хемиски конјунктивитис), кое се појавува веднаш по примената на лекот и обично не е сериозно. Поминуваат во рок од неколку дена, а понекогаш е неопходно да се исплакнат очите.

Блокиран солзен канал

Солзите течат од окото во носот преку тесен солзен канал, чиј отвор се наоѓа во внатрешниот агол на окото. Едно од дваесет бебиња има блокиран солзен канал на едното или двете очи. 

Симптомите на блокиран солзен канал може да се појават веќе во првите денови од животот, или подоцна во текот на првиот месец. Обично исчезнува спонтано, но мора да се лекува ако се присутни симптоми на инфекција. Се манифестира со насолзени очи или гноен секрет. Понекогаш може да има оток и црвенило во вдлабнатината долж носната коска под внатрешниот агол на окото.

Што да направите?                                                                 Масажата под внатрешниот агол на окото ќе помогне да се испразни гнојот акумулиран во каналот.

  • Ако има знаци на инфекција, лекарот ќе му препише антибиотски капки за очи на бебето.
  • Ако вашето бебе нема чести инфекции и изразено солзење на очите, бидете трпеливи, бидејќи до крајот на првата година, проблемот обично се решава спонтано; научете како правилно да ги чистите очите на бебето.                                                               
  • Ако симптомите се повторат и не исчезнат до крајот на првата година, очниот лекар ќе го прошири каналот со фина сонда и ќе го реши проблемот.