APGAR резултат - проценка на состојбата на новороденото веднаш после раѓањето

APGAR скорот е метод за проценка на состојбата на новороденото веднаш после раѓањето, така што новороденото ќе добие соодветна помош, доколку е потребно. Нискиот резултат во првите минути обично не значи дека детето ќе има некои  проблеми во развојот, а високиот резултат не е сам по себе гаранција за очекуваниот психомоторен развој.
Body

Што претставува APGAR скор и како се одредува

Во 1952 година, анестезиологот др. Вирџинија Апгар објави брз и детален метод за проценка на виталноста на новороденото веднаш по раѓањето, со цел да го насочи вниманието на персоналот од родилната сала не само на родилката , туку и на новороденото.

APGAR скорот претставува број / скор кој се пресметува со проценка на пет клинички знаци кај новороденчето: срцев ритам, респираторни движења, рефлексни реакции (реакција на бебето на катетер во носот), тонус на мускулите и боја на кожата.

Секој параметар/клинички знак  може да се оцени со  0, 1 или 2, така што вкупниоот резултат /АPGAR скор претставува збир од сите 5 параметри и може да  биде 0-10.  Првиот резултат од АPGAR скорот се одредува 60 секунди, а вториот 5 минути после раѓањето на новороденото. Вредностите од 8-10 покажуваат дека новороденчето е во одлична состојба и му треба само рутинска нега во родилната сала. Вредностите од 5-7 покажуваат дека бебето е малку „уморно“, додека вредностите од 0-4 значат дека на новороденчето му треба итна помош. Ако, и покрај преземените мерки за реанимација, резултатот останува низок, односно бебето не се опорави, резултатот повторно се одредува по 10, 15 и 20 минути, паралелно со примената на потребните процедури за реанимација.

APGAR скорот во 1-та минута претставува показател за персоналот што присуствува на раѓањето  да процени дали на детето му требаат некои дополнителни мерки за поддршка. APGAR скорот во 5-та минута служи за проценка на закрепнувањето и реакцијата на детето на преземените мерки за реанимација и нема големо прогностичко значење. Пролонгираниот низок резултат има прогностичко значење.

За да се разбере важноста на „проценката на сосотојбата на новороденото веднаш после раѓањето“, потребно е да се знае:

  • APGAR скорот е субјективен метод.
  • Не е целосно прилагоден за предвремено родени бебиња
  • Депресијата кај новороденчињата предизвикана од лекови што ги примала мајката за време на породувањето исто така може да влијае на неговите вредности  (лекови против болки, анестетици, седативи).
  • Иако многу новородени  добиваат „совршена десетка“, само малку за заслужуваат во 10-та, во 5-та минута, а особено во 1-та минута.
  • Резултатот од 8 или 9 е одличен и има иста вредност како и десет.
  • APGAR  скорот во 5-та, 10-та и 30-та минута е подобар показател за адаптацијата на новороденото  во надворешната средина и има подобра прогностичка вредност. Нискиот резултат е сигнал за педијатарот поинтензивно да го следи психомоторниот развој на бебето.

Постојат многу фактори кои влијаат на развојот на детето  во мајчината утроба и нема резултат или метод што веднаш по раѓањето може даја процени состојбата на детето и сите негови потенцијали за развој.