Рутински чекори и постапки по раѓањето на детето
Бришење на кожата
Бришењето на кожата го стимулира бебето да започне да дише самостојно и спречува губење на топлина. Влажната кожа на новороденчето, особено скалпот, брзо губи топлина и задача на бабицата е да го избрише и загрее бебето што е можно поскоро.
Со сечење на папочната врвца, новороденчето конечно се одделува од мајчиното тело и го започнува своето независно патување низ животот. Се препорачува да се одложи стегањето на папочната врвца (со поставување на стегач се прекинува протокот на крв низ папокот) за најмалку 60 секунди по раѓањето. Ова помага да се прилагоди протокот на крв и дишењето кај бебето, а бебето исто така добива дополнителна крв од папочната врвца, што има корисен ефект врз спречување на анемија во подоцнежните месеци. После тоа, папочната врвца се сече со ножици и се врзува со конец, или се става специјален клип на неа. Сечењето и стегањето на папочната врвца не му штети на бебето!
Контакт кожа на кожа
Ова е следниот чекор ако детето е со добри витални знаци, а мајката се чувствува добро.
Ставање на нараквица за идентификација
Ова е следниот чекор според процедурите за мајчинство; нараквици за идентификација се прицврстуваат на зглобовите на мајката и новороденчето.
Мерење на новороденче (должина, тежина и обем на главата)
Овој чекор е најдобро да се одложи по контактот кожа на кожа и првото доење.
-
Капење на новороденче не се препорачува, бидејќи поттикнува ладење и го отстранува заштитниот слој од кожата.
-
Не се препорачува да се оддели новороденчето од мајката, освен ако мајката или детето немаат некоја итна здравствена состојба.
Превентивни постапки, вакцини и прегледи
Веднаш по раѓањето, бебето прима витамин К (мала мускулна инјекција која се дава во предниот дел на бутот на новороденчето) со цел да се спречи хеморагична болест на новороденото. На првиот ден, бебето ја прима првата доза на вакцина против хепатит Б; се дава на ист начин како витамин К, само во другата нога. Пред отпуштање од болница, бебето прима вакцина против туберкулоза (вакцина бе-се-же); се дава поткожно на надворешната страна на левата надлактица. Од сите бебиња се зема примерок од крв за метаболички скрининг. Во согласност со националните препораки, сите новородени деца се подложени на скрининг на слухот.