Подготовка на мало дете за посета на стоматолог
Посетите на стоматологот треба да бидат редовни. Првата посета се планира на возраст од 6 месеци, а потоа еднаш или двапати годишно. За време на посетата, стоматологот ќе ја прегледа устата и забите на вашето дете, а исто така ќе разговара со вас за грижата и заштитата на забите и можните ризици кои можат да доведат до нивно расипување. Во согласност со возраста на детето, стоматологот:
- ќе ви покаже или ќе направи интервенција: ќе ги исчисти наслагите и ќе нанесе флуоридни препарати за дополнителна заштита;
- во случај да се открие расипан заб, ќе ви биде закажан состанок за лекување. Доколку е можно, најдобро е да го направите тоа наутро, кога детето е добро наспано и одморено.
Пред посетата на стоматолошката ординација, добро е да разговарате со детето за тоа што да очекува, така што тоа нема да се соочи со сосема непозната ситуација и дополнителен страв:
- Обидете се да го одржите тој разговор опуштено и најавете му ја претстојната посета како интересно искуство.
- Користете изрази кои ќе му олеснат на детето да разбере: дека стоматологот: “ќе ги слика неговите заби”, “ќе ги брои” и можеби “ќе ги четка.”
- Играњето “стоматолог” дома ќе му олесни на детето да разбере што се случува. Прво бидете вие стоматолог и бројте ги и четкајте ги забите на детето, а потоа сменете ги улогите.
- На детето ќе му биде полесно да ја прифати интервенцијата доколку му го презентирате расипаниот дел од забите како “црв”, а поправката како “специјално чистење од страна на една пчела”. Избегнувајте зборови како што се: болка, дупчење или игла која може да го вознемири и исплаши вашето дете.
- Читајте му на вашето дете едукативни приказни за одење кај стоматолог, гледајте заедно слики, можеби и некое видо за одње на стоматолог.
По посетата на стоматолошката ординација, не заборавајте да разговарате со детето за тоа како помина на прегледот. Бидете сигурни дека ќе поставите добар пример за вашето дете, како во секојдневната стоматолошка заштита, така и во редовните посети на стоматолог.
Носете го вашето дете на стоматолог редовно, еднаш до двапати годишно, и почесто ако е потребно.