Прва помош

Кога сте во ситуација да обезбедите прва помош на повредено дете, прво размислете колку знаете за тоа, без разлика дали сте вистинската личност или подобро е да го оставите на професионалци, за да не ја влошите повредата. Додека барате помош од професионални лица, останете со него и комуницирајте со повреденото дете, уверувајте го дека помошта доаѓа и дека сте таму за него/неа.
Body

Некои од препорачаните процедури за обезбедување на прва помош бараат примена на посебни медицински знаења и вештини (како што се кардиопулмонална реанимација, Хајмлихов зафат, итн.).

Следење на  информациите содржани во описот на предложените  постапки не е  доволен предуслов за успешна примена на некои од нив. Соодветно на тоа, се препорачува сите родители или старателите да бидат практично обучени да дејствуваат правилно во ситуации кога здравјето или животот на детето е загрозено, односно да
усвојат правилни техники и да ги научат  чекорите коитреба да ги преземат при проверка на виталните знаци, вршење кардиопулмонална реанимација и повикување на брза помош, како и други потребни вештини за прва помош, знаење и принципи.

Бидејќи возраста на детето влијае на некои техники за прва помош што треба да се применат, многу е важно родителите и старателите да бидат практично обучени.

За повеќе информации за обуката за прва помош, можете да контактирате со Црвениот крст на Република Северна Македонија или службите за итна медицинска помош во вашата населба..

Кога сте во ситуација која бара да  пружите  прва помош на повредено дете, прво размислете колку знаете за тоа и дали сте вистинската личност, или подобро е да  оставите тоа да го направат професионалци, како не би  ја влошиле повредата. Додека чекате помош од професионалците,  наместете ја вашата глава  блиску до главата на детето така што директно ќе го гледате  и постојано зборувајте со него, уверувајте го дека помошта доаѓа и дека сте таму за него/неа.