Што можете да направите ако препознаете злоупотреба на деца и/или занемарување во вашата околина?
Ако забележите некој од следниве знаци кај децата во вашата околина, може да се сомневате дека тоа е случај на злоупотреба и занемарување.
- Недоверба кон детето или голема претпазливост кон сите возрасни;
- Екстремно агресивно, покорно, загрижено или вознемирено однесување на детето;
- Ниска самодоверба, повлекување или тешкотии во воспоставувањето односи со возрасни или други деца;
- Прекумерна послушност и смирение со цел да ги задоволи возрасните;
Body
Ако забележите некој од следниве знаци кај децата во вашата околина, може да се сомневате дека тоа е случај на злоупотреба и занемарување:
- Недоверба кај детето или голема претпазливост кон сите возрасни;
- Екстремно агресивно, покорно, загрижено или вознемирено однесување на детето;
- Ниска самодоверба, повлекување или тешкотии во воспоставувањето односи со возрасни или други деца;
- Прекумерна послушност и смиреност со цел да ги задоволи возрасните;
- Тешкотии со концентрацијата;
- Прекумерно нишање, мрморење, цицање или грицкање;
- Чести кошмари или тешкотии со спиењето;
- Ви се чини дека детето е склоно кон незгоди или има необјаснети модринки или повреди во различни фази на лекување;
- Нејасни објаснувања за повреди кои не се совпаѓаат со видот на повредата;
- Детето не сака да си оди дома ако е на друго место (или да оди на друго место);
- Несоодветна употреба на сексуални термини или однесување поврзано со возраста и развојот на детето.
Што можете да направите ако се сомневате дека дете од вашата околина е злоупотребено или запоставено:
- Бидете чувствителни на какви било предупредувачки знаци за можна злоупотреба или занемарување;
- Понудете му на детето да разговара со вас во секое време;
- Разговарајте нежно и без осуда.
- Покажете загриженост ако детето изгледа тажно или лошо, бидејќи тоа може да го мотивира детето да го сподели своето искуство со вас.
- Не вршете притисок врз детето да одговори на вашите прашања, или “не му ставајте зборови во устата”;
- Контактирајте ги локалните институции за заштита на деца (Полиција или Центар за социјална работа). Тие ќе преземат заштитни мерки и може да ве известат за следните чекори. Ако сте загрижени за вашата безбедност, можете да останете анонимни.
- Грижете се за себе, оваа тема може да биде многу вознемирувачка. Ако треба да разговарате со некого за тоа како се чувствувате, контактирајте експерти за поддршка.