Доцнење со развој на говор

Кога децата имаат невообичаени тешкотии со зборување и/или разбирање, тоа може да биде доцнење на развој на говор. Ако мислите дека вашето дете може да има доцнење на развој на говор, посетете го вашиот матичен лекар или педијатар, наставникот на вашето дете или логопед. Поддршката за деца со доцнење на развој на говор може да вклучува специјални групни програми, слики и книги.
Body

Што е доцнење со развој на говор?

Доцнење со развој на говор е кога детето има потешкотии да разбере и/или користи говорен јазик. Овие тешкотии се невообичаени за возраста на детето.

Тешкотиите може да бидат со:

  • изговарање на првите зборови или учење зборови
  • спојување зборови за да се направат реченици
  • градење на вокабулар
  • разбирање зборови или реченици.

Некои доцнења со развој на овор се поврзани со состојби како што се нарушување на спектарот на аутизам (АСН), Даунов синдром или глувост и оштетување на слухот. 

Доцнење со развој на говор, нарушување на говорот или развојно нарушување на говорот?

Доцнење со развој на говор е различно од нарушување на говорот или нарушување на развојот на говорот.

Говорно (звучно) нарушување е кога децата имаат потешкотии да ги изговараат звуците во зборови. Ова може да го направи нивниот говор тешко разбирлив. Децата со нарушување на говорот може да имаат јазични вештини кои инаку се добри. Односно, тие добро разбираат зборови и реченици и можат да формираат реченици на вистински начин.

Ако детето има доцнење на развој на говор што не исчезнува, тоа може да биде знак за развојно нарушување на говорот. Децата со развојно нарушување на говорот имаат потешкотии да разберат и/или зборуваат. Овие тешкотии влијаат врз нивниот секојдневен живот.

Децата со нарушувања на говорот не мора да имаат доцнење на развој на говор или развојно нарушување на говорот. И не сите деца кои имаат доцнење на развој на говор имаат проблеми со говорот.

Децата израснати во двојазични семејства може да започнат да ги учат јазиците побавно отколку децата што зборуваат само еден јазик. Ова не се смета за доцнење на развој на говор. Двојазичните деца на училишна возраст можат да научат да читаат и пишуваат англиски исто како и нивните врсници.

Кога да побарате помош за доцнење на развој на говор

Децата развиваат говор со различно темпо. Споредбата на вашето дете со други деца на иста возраст можеби нема да ви помогне да знаете дали вашето дете има доцнење на развој на говор.

Најдобро е да побарате професионален совет ако видите некој од следниве знаци кај вашето дете на различна возраст.

До 12 месеци
Вашето дете не се обидува да комуницира со вас користејќи звуци, гестови и/или зборови, особено кога му е потребна помош или сака нешто.

До 2 години
Вашето дете:

  • не кажува околу 50 различни зборови
  • не комбинира два или повеќе зборови заедно - на пример, „Уште млеко“, или „Мамо горе“
  • не произведува спонтано зборови - односно, вашето дете копира само зборови или фрази од други
  • изгледа дека не разбира едноставни упатства или прашања - на пример, „Земи ги чевлите“, „Сакаш млеко?“ или "Каде е тато?"

До две години, околу едно од пет деца покажува знаци на доцнење на развој на говор. Овие деца понекогаш се нарекуваат „доцни говорници“. Многу од нив ќе го достигнат бараното ниво како што растат, но, некои ќе продолжат да имаат проблеми со говорот.

Околу 3 години
Вашето дете:

  • не комбинира зборови во подолги фрази или реченици - на пример, „Помогни ми мама“ или „Сакам уште млеко“
  • се чини дека не разбира подолги упатства или прашања - на пример, „Земи ги чевлите и стави ги во кутијата“ или „Што сакаш да јадеш денес за ручек?“
  • малку или воопшто не се интересира за книги
  • не поставува прашања.

Од 4-5 години и постари
Некои деца се уште имаат потешкотии со говорот кога ќе започнат да одат во радинка или училиште. Ако овие тешкотии не можат да се објаснат со други работи како нарушување на спектарот на аутизам (АСН) или губење на слухот, тоа може да биде развојно нарушување на говорот.

Деца со развојно нарушување на говорот:

  • се борат да научат нови зборови и да разговараат
  • користат кратки, едноставни реченици и често изоставуваат важни зборови во речениците
  • одговорат на само дел од упатството
  • се борат да го користат минатото, сегашно или идно време на вистинскиот начин - на пример, тие велат „скокам“ наместо „скокав“ кога зборуваат за активности што веќе ги направиле
  • сметаат дека е тешко да се користат вистинските зборови кога се зборува 
  • не го разбираат значењето на зборовите, речениците или приказните.

На било која возраст
Вашето дете:

  • е дијагностицирано со губење на слухот, задоцнување во развојот или синдром кој може да влијае на јговорот - на пример, АСН и Даунов синдром
  • престанува да прави работи што ги правело претходно - на пример, престанува да зборува.

На децата што имаат потешкотии со говорот им е потребна помош што е можно порано. Вие сте најдобриот судија за развојот на говорот на вашето дете. Ако сте загрижени, верувајте им на вашите инстинкти и разговарајте со вашиот лекар, наставникот на вашето дете или логопед. Ако овој професионалец не е загрижен за вашето дете, но сепак сте загрижени, побарајте друго мислење.

Каде да добиете помош за доцнење на развој на говор

Ако мислите дека вашето дете има проблеми со говорот, разговарајте со професионалец - на пример:

  • наставник или воспитувачи во вашиот центар за грижа за деца, градинка или училиште
  • логопед
  • аудиолог
  • матичен лекар или педијатар
  • психолог.

Ако мислите дека главниот проблем на вашето дете е разбирање и употреба на говор, можеби ќе сакате да посетите логопед. Логопедите користат тестови за говор за да проценат како вашето дете користи зборови и одговара на барања, команди или прашања.

Ако мислите дека вашето дете може да има тешкотии со слушање или има оштетен слух, најдобро е да го однесете вашето дете кај аудиолог. Губењето на слухот може да го попречи развојот на говорот и комуникацијата на вашето дете.

Поддршка за деца со задоцнет развој на говор

Ако на вашето дете му се дијагностицира доцнење на развој на говор, здравствениот работник со кого работите може да препорача групни програми што градат јазични вештини. Тоа може да му помогне на вашето дете да развие други начини за комуникација, како што се табли со слики или книги.

Професионалецот може да ви даде стратегии што можете да ги користите дома за да му помогнете на детето да комуницира. Ова може да вклучува давање на многу време на детето да започне разговор. Можете исто така да му помогнете со тоа што ќе реагирате и ќе ги пофалите неговите напори за комуникација, без разлика дали станува збор за зборови, постапки или звуци.

 

Причини за доцнење на развој на говор

Во повеќето случаи, не знаеме што предизвикува доцнење на развој на говор. Но, знаеме дека најверојатно постои генетска или биолошка компонента, односно, доцнењето на развој на говор може да се јавува генерациски во семејствата.

доцнењето на развој на говор се јавува почесто кај:

  • момчиња
  • деца кои имаат близок член на семејството со историја на доцнење на развој на говор или нарушување на комуникацијата
  • деца кои имаат нарушување во развојот или нарушување на спектарот на аутизам (АСН) или Даунов синдром
  • деца со тековни проблеми со слухот и инфекции на увото.

Понекогаш, доцнењето во комуникациските вештини може да биде знак за посериозни нарушувања во развојот, вклучувајќи оштетување на слухот, одложување на развојот, интелектуална попреченост и АСН. Го знаете вашето дете подобро од било кој друг. Ако сте загрижени, разговарајте со вашиот матичен лекар или педијатар.