Како да се ослободите од красти на главата
Крастите на главата се резултат на хиперактивни лојни жлезди, кои почнуваат да произведуваат премногу маснотии. Понекогаш е предизвикана од хиперсензитивност на скалпот на хигиенските производи кои се користат и не се исплакнуваат темелно, особено кога бебето има густа коса или родителите ја мијат косата на бебето премногу нежно од загриженост за фонтанелите. Можете да ги отстраните крастите на главата со триење со бебешко масло на тој дел од главата два до три часа пред капењето. Кога ќе омекнат, обидете се внимателно да ги отстраните со четка или чешел. Додека го капете бебето, тријте ја областа со фротирска ракавица. По капењето, миењето и темелно испирање на косата, главата на бебето треба да се избрише добро со сува крпа. Чешлајте ја косата на бебето во сите правци со четка, бидејќи тоа го масира влакнестиот дел од главата, ја забрзува циркулацијата, ја подобрува исхраната на косата и активноста на лојните жлезди.
Повторете ја постапката при следното бањање, додека крастите не паднат целосно. Денес, постојат шампони и пени кои се наменети за нега на главата на бебето во случај на појава на красти.