Не можете да разгалите бебе!

Во првите неколку месеци од животот на детето, потребите на бебето за контакт со вас (и глас и допир) се огромни. Одговарајќи на нив, нема да создадете лоши навики, напротив - ќе му дадете на бебето чувство на блискост, предвидливост, што ќе резултира со смирување. Ако мирно и постојано одговарате на потребите на вашето дете, тоа учи дека може да биде безбедно и самоуверено и почнува да ви верува.
Body

Бебињата кои немаат искуство за постојан и јасен одговор на нивните потреби учат дека не се доволно вешти да ги изразат и дека не може да им се верува на нивните старатели. Игнорирањето на бебе кое плаче или вознемирено нема да го има очекуваниот ефект. Бебето може да престане да плаче во тој момент, но всушност ќе биде многу исплашено заради тоа што е оставено да се смири самото кога едноставно не знае како да го направи тоа.

Затоа:

  • носете го вашето бебе во раце и бидете физички блиску до него, особено во првите денови
  • секогаш кога бебето плаче, одговарајте и со глас и со допир
  • секогаш кога бебето зборува или се насмевнува - разговарајте со него, повторете ги неговите звуци и поттикнете го контактот со очите со вас
  • секогаш кога бебето покажува интерес за нешто - кажете го она што го прави 
  • кога бебето е вознемирено - покажете дека може да се смири со вас, со вашиот глас, допир, движења
  • кога бебето е радосно - насмевнете му се и покажете веселост со гласот и изразот на лицето
  • кога бебето е уморно - покажете дека разбирате и дека може да спие и да се одмори со вас, користејќи допир и мирен тон на гласот.