5-6 месеци-интензивно истражување

Ако можев да ти кажам... „Погледни што можам да направам! Можам да се тркалам од стомак на грб и обратно. Можам да посегнам по интересен предмет додека лежам на грб. Исто така, можам да го префрлам од една рака во друга и да го ставам во уста. Сето ова ми овозможува да истражувам и ме прави толку среќна. Уште посреќна сум кога ме гледате како ги правам овие нови работи и кога играте со мене. Можам да кажам дека и вам ви се допаѓа, бидејќи изгледате заинтересирано и ми се насмевнувате. Ми кажувате што гледам, што фаќам и ја споделувате мојата радост. Правам звуци а вие ми одговарате. Навистина поминуваме убаво време заедно “.

Комуницирање

Што има ново? 

Во овие месеци, ќе видите дека вашето бебе комуницира со вас поинтензивно.  Ќе ја слушнете дека гуга, мрмори и испушта звуци - најчесто самогласките звучат како „аааа“ и „ееее“ ....  Но, сега  ќе испушта и звуци што личат на зборови (ба-ба, га-га).  Многу често ова ќе биде одговор на нешто што и го кажувате.  Вашето бебе, исто така, може да се обиде да ги имитира звуците што ги произведувате, како и изразите што ги гледа на вашето лице. Конечно, за ова време ќе научи да препознава и да одговара на некои зборови, како што е нејзиното име или зборот „не“.

Што можете да направите за да помогнете?

Има толку многу што можете да направите додека ги правите секојдневните рутини. Охрабрете ја комуникацијата со вашето бебе гледајќи во нејзините очи додека разговарате со него или додека го слушате како тоа „зборува“ со вас. Охрабрете ја со насмевка или со повторување на звуците што ги направила, за да помогнете разговорот меѓу вас да трае што е можно подолго. 

Разговарајте со вашето дете секој ден.  Поттикнете ја комуникацијата на многу начини - пејте, гледајте заедно слики во списанија, покажете му работи во излог на продавница и опишете ги, читајте гласно едноставни книги или кажувајте приказни и правете интересни звуци (мачката вели „мјау“, кравата вели „муууу“!). Кога вашето бебе гледа нешто, зборувајте за она што го гледа.  Кажете му на вашето дете додека се подготвувате за доење или додека подготвувате оброк („ова е овошје, сега ќе направам сок“); тоа е еден начин на кој таа ќе научи да чека малку и да биде трпелива.  Зборовите помагаат на многу начини!

Чувства

Што има ново?

Во овој период, повеќето бебиња почнуваат да препознаваат познати личности, како што се родители, други членови на блиското семејство и познати лица кои го чуваат и уживаат во интеракцијата со нив. Вашето бебе учи да се потпира на овие посебни луѓе за утеха и помош. Тоа знае кој е познат, а кој е странец - може дури и да покаже страв од нови луѓе. Ќе користи звуци за јасно да ги изрази чувствата. Ќе ја покажува својата радост и среќа со пискање или испуштање други звуци на воодушевување. Во состојба е да користи звуци за да покаже интензивно незадоволство, лутина или огорченост. 

Што можете да направите за да помогнете?

На вашето бебе му е потребна вашата емоционална поддршка.  Затоа, важно е да сте тука за неа, особено кога има странци наоколу. Останете близу до неа, држете ја во раце, насмевнете се и разговарајте со неа со смирувачки глас додека ја запознавате со нови луѓе. На тој начин, таа ќе се чувствува сигурно и сигурно за да воспостави нови контакти.  Интерпретирајте ги расположенијата на вашето дете. Кога е среќна, продолжете со активноста. Ако е вознемирена, одморете се и утешете ја.              

Мислење

Што има ново? 

Интензивното истражување и помага да ги развие своите вештини за размислување. Таа љубопитно гледа во предмети и сцени во нејзината околина.  Ако нешто и е надвор од дофат, се обидува да посегне по предметот за да може да истражува уште повеќе.  Почнува да ги преместува работите од една рака во друга и да истражува предмети со устата. 

Што можете да направите за да помогнете?

Вашето бебе ќе најде многу начини да истражува самостојно, но вие исто така може да му покажете различни, интересни начини за користење играчки или други предмети: нивно префрлање од рака во рака, тресење, трескање, туркање и фрлање.  Бидете свесни за безбедноста, особено кога вашето бебе истражува со устата.  Може да пробате и активни игри пред огледало за некои нови перспективи! 

Кога вашето бебе ќе испушти некој предмет, земете го и вратете му го. Ова му помага да научи за причината и последицата („ако го направам ова, ќе се случи тоа) и за тоа како да размислува за просторот околу неа.

Движење

Што има ново?

Во овој период, вашето бебе може самостојно да ја крене и држи главата.  Веројатно ќе успее да биде во седечка положба некое време додека ја поддржувате, а можеби дури и сама. Ќе се тркала од една на друга страна.  Сето ова му дава на вашето бебе сосема нова перспектива за светот - сега тоа може да види работи што не можела да ги види додека лежела на грб.  Бидејќи сега може да ја промени својата позиција, таа станува заинтересирана и љубопитна за се повеќе работи околу себе.  Внимателно гледа во предметите што ја опкружуваат, следејќи ги внимателно со очите ако се движат. Во овој период, таа, исто така, ќе ја развие вештината за посегнување по предмети, и штом ќе ги фати, ќе ужива да ги истражува со тоа што ќе ги стави во уста или ќе ги пренесе од едната во другата рака.

Што можете да направите за да помогнете?

Играјте на подот со вашето бебе секој ден. Секој ден, во текот на вашите редовни рутини, давајте му на вашето бебе многу можности да ја истражува околината и интересни предмети околу неа. Оставете ја да ја гледа околината на различни начини ставајќи ја во различни позиции. Можете да го поставите омилениот предмет на вашето дете малку подалеку од дофат, и можете да го охрабрите да дојде до него. Размислете кои безбедни, едноставни предмети може да ги истражува.  Што може да земе, допре и преврти?  Сето ова ги развива нејзините вештини за движење и отвора нови можности за истражување на светот.               

За да прочитате повеќе начини како да го поддржите развојот на детето преку игра, одете во делот Играње заедно.

Загриженоста на родителите за развојот во периодот од 5 -ти до 6 -ти месец 

Бидејќи секое дете се развива на свој посебен начин, невозможно е точно да се предвиди кога или како вашето дете ќе усоврши одредена вештина. Способностите (развојни пресвртници) очекувани и наведени за овој период ви даваат само општа идеја за промените што би можеле да ги очекувате како што вашето дете ќе порасне.  Ве молиме, не грижете се ако нејзиниот развој тргне по малку поинаков пат.

Меѓутоа, за да бидете сигурни, разговарајте со вашиот педијатар доколку вашето дете покажува некој од следниве знаци на можно задоцнување во развојот, ако се чини дека вашето дете изгубило некои од вештините што ги имала во порана возраст, или ако имате други причини за загриженост:

  • Редовно плаче долго време и не може да се утеши  
  • Не контактира со вас со вас или не ги следи предметите што се движат со очите  
  • Не гуга или не се врти кон извор на звукот  
  • Не се смее или не испушта звуци  
  • Не се превртува од една на друга страна 
  • Нема контрола над вратот и главата  
  • Не може да седи дури и со ваша помош и поддршка или  
  • Воопшто не посегнува по предмети дури и кога ја охрабрувате да го стори тоа
  • Не се обидува да ги фати работите што се на дофат
  • Има потешкотии да ги става предметите во уста. 
References and comments

Референца:

https://raisingchildren.net.au/babies/development/development-tracker-3-12-months/5-6-months

https://raisingchildren.net.au/babies/development/development-tracker-3-12-months/6-7-months

Лора Е. Берк (2006), Детски развој (7 -то издание), Алин и Бекон

Dr sci Nirvana Pištoljević (2016), Rani razvoj deteta: treta treba znati, Udruženje pedijatara Srbije, Beograd.