Физичка активност за мали деца

Физичката активност може да започне многу рано во животот, како дел од секојдневната игра. Кога избирате активности за мали деца, фокусирајте се на забава и игра. Најмалку 30 минути поминати на стомак секој ден им помага на бебињата да растат и да се развиваат. Децата на возраст од 1-5 години имаат потреба од физичка активност најмалку три часа секој ден, вклучувајќи и некоја енергична игра.
Body

Дневна физичка активност: фокусирање на забава

Кога избирате физичка активност за бебиња, мали деца и деца на предучилишна возраст, фокусирајте се на активности кои се забавни.

Ако децата уживаат во она што го прават, најверојатно ќе сакаат да продолжат да го прават тоа. Физичките активности што ги уживаат децата ќе ја зголемат нивната самодоверба, како и способноста подобро да се движат.

Физичката активност е од витално значење за здравиот раст и развој на вашето дете. Тоа може да започне многу рано во животот како дел од секојдневната игра на вашето дете.

Физичка активност за деца 0-2 години

Пред бебето да прооди

Дури и малите бебиња сакаат да се истегнуваат и да играат. Големо ќебе на подот (или на тревата надвор) и ставање на стомак може да биде безбедно, чисто и пријатно место за бебињата да вежбаат кревање на главата. Ова им помага да развијат силни мускули.

Ќебе на подот е исто така одлично место за бебето да научи да се тркала, лази и да седи. Ставете му играчка или некој предмет надвор од дофат на неговите раце за да се забавува додека се обидува да го дофати.

Предмети кои бебето може да ги дофати и држи, како на пример празни кутии, го прават лежењето на стомак забавно. Светли бои, цртежи со точки, квадратчиња или ѕвезди, сјајни површини, менување на текстури и различни звуци исто така можат да го заинтересираат вашето бебе.

Можете исто така да го охрабрите вашето бебе да гледа, плеска со рацете, да допира или да се движи кон звук - обидете се да му зборувате, пеете, или играте (на пример „Ѕе!“.

Ако го ставате вашето бебе на подот, никогаш не заборавајте да барате потенцијални опасности кои можат да го повредат. Останете покрај вашето бебе цело време за да биде безбедно.

Кога бебето почнува да оди

Откако вашето дете ќе почне да оди, можете да го охрабрите така што ќе му допуштите да го прави тоа почесто.

Ова е одлично време за барање предмети и активности кои го поттикнуваат движењето — на пример, качување по скали за да влеземе дома (со надзор!).

Играње со вашето дете и пофалбите дека учи нешто ново како трчање, скокање, танцување го охрабрува да продолжи да оди.

Физичка активност за деца од 2-5 години

На малите деца и децата на предучилишна возраст им треба многу слободно време и простор за да трчаат наоколу и да играат дома, во вашето соседство, насекаде - безбедно, надгледувано и забавно.

Еве неколку идеи за одржување на физичката активност забавна:

  • Користете големи, меки топки за да вежбаат фаќање, или шутирање. Кога просторот не е безбеден за играње со топка, можат за тоа да послужат замотани пар чорапи.
  • Играјте игри кои вклучуваат различни видови на движење - бркање, одење по линија нацртана со креда, скокање преку барички.
  • Пуштајте му на детето различни видови музика или правете звуци со вашиот глас или инструменти.
  • Можете да играте игра со погодување на животни, каде што ќе се движите како мајмун, ќе скокате како зајаче, ќе ги мавтате рацете како птица и така натаму.
  • Кога вашето дете е подготвено, нека се обиде да научи да вози велосипед, тротинет или трицикл - под ваш надзор, се разбира. Тоа исто така може да уживаат во играње со играчки на буткање како камиони, колички за кукли и играчка - косилка.
Колку физичка активност му е потребна на вашето дете? Малите деца и децата на предучилишна возраст треба да бидат физички активни секој ден најмалку три часа, распоредено во текот на денот. Сите деца треба да играат енергично секој ден, а децата над три години имаат потреба од најмалку еден час енергична игра секој ден.