Препораки за физичка активност, време за седење пред екран и спиење за деца на тригодишна од возраст и постари
Планираните дневни активности за детето треба да бидат прилагодени на неговата возраст, но исто така и на индивидуалните потреби. Покрај исхраната, мора да се размислува и за време наменето за игра и физичка активност, спиење и периоди кога детето седи, но се занимава со активности како што се: разговор со членови на семејството, слушање приказни, седење пред телевизор, компјутер или таблет, возење во автомобил, јадење. Деца на возраст од три и повеќе години
Лесната физичка активност вклучува активности со трошење на енергија од 1,5 до 4,0 пати повеќе од потрошената енергија за одмор на детето: капење, бавно одење или други лесни активности кои не резултираат со загревање на телото на детето. Физичката активност со умерен до енергичен интензитет вклучува активности кои трошат 4-7 пати повеќе енергија од енергијата потрошена за одмор: брзо одење, возење велосипед, трчање и играње игри со топка, скокање, пливање, танцување итн, за време на кои детето многу се загрева и се задишува. |