Време поминато пред екран: список за проверка за здрава употреба
Време поминато на екран и употреба на екран: дел од здрав начин на живот
Времето поминато пред екран никогаш не се советува за деца под две години (освен видео разговори со семејството) и се препорачува ограничено време во раните детски години. За деца од предучилишна возраст, можно е времето на екранот и користењето на екранот да бидат нормален дел од животот.
Бидете сигурни за две работи:
- Рутините на малите деца треба да вклучат многу здрави, забавни активности, вклучувајќи физичка активност, читање, креативна игра и дружење со семејството и пријателите.
- Кога децата навистина користат екрани, тие гледаат или користат квалитетна содржина.
И не го заборавајте сонот! Здравиот, балансиран начин на живот за децата вклучува доволно квалитетен сон.
Список за здрав пристап кон времето поминато пред екранот
Овие прашања може да ви помогнат да проверите дали вашето дете од предучилишна возраст користи екрани на балансиран и здрав начин.
Дали вашето дете:
- спие доволно?
- е физички здраво?
- е ангажирано во градинка или училиште?
- е социјално поврзано со семејството и пријателите, онлајн и офлајн?
- ужива во различни интереси?
- се забавува и учи додека користи уред со екран?
- користи квалитетна содржина?
Ако одговоривте со да на повеќето или на сите овие прашања, вашето дете веројатно користи екрани на балансиран начин како дел од здрав начин на живот.
Прашања или грижи за времето поминато на екранот
Важно е да имате прашања или грижи за тоа дали вашето семејство има здрав и балансиран пристап кон времето поминато пред екран. Некои написи во оваа апликација и други ресурси, може да помогнат во овие проблеми. Најважно е да го забележите развојот, емоционалната состојба и интересите на вашето дете и да реагирате соодветно.
Како можеме да ги користиме екраните на здрав и избалансиран начин?
Што е квалитетна содржина?
Кои се можните придобивки од времето поминато на екран?
Како можеме да управуваме со проблемите и ризиците за времето поминато на екран?