КОВИД-19 инфекција - клиничка слика кај возрасни и деца

Ковид-19 е инфекција на респираторниот тракт предизвикана од новиот коронавирус, САРС-CoV-2. Првпат беше дијагностициран во Вухан, Кина, во декември 2019 година.
Body

Генетското секвенционирање  и испитување на вирусот докажа дека тој е бета-коронавирус тесно поврзан со вирусот САРС . Додека повеќето луѓе со КОВИД-19 развиваат само блага или некомплицирана болест, околу 14% развиваат тешка болест која бара хоспитализација  (сместување во болница) и кислородна терапија, а на 5% им е потребен прием во единица за интензивна нега. Во тешки случаи на инфекција со КОВИД-19, може да се појави сепса, сериозно оштетување на белите дробови, срцето и бубрезите.
До сега не е докажано дека новороденчињата заразени со корна вирусот  имаат зголемен ризик од тешки инфекции и компликации. 
Досега не е докажан случај на вертикално пренесување на корона вирусот од мајка на новороденче.
Пренесувањето на корона вирус од мајка на новороденче се случува по респираторен пат со близок контакт, гушкање, бакнување, со што може новороденото да дојде во контакт со заразените респираторни секрети на заболената мајка.  
Инфекцијата со КОВИД-19 се потврдува со лабораториски наоди, без оглед на клиничките знаци и симптоми. 
Мајка со докажана инфекција може да го дои  своето бебе ако има лесна клиничка слика на болеста или лесна форма на пневмонија.

Лесна клиничка слика на болеста 


Пациенти со некомплицирана вирусна инфекција на горниот респираторен тракт може да имаат неспецифични симптоми, како што се треска, замор, кашлица (со или без исплукување), губење на апетит, болка во мускулите, болки во грлото, отежнато дишење, затнат нос или главоболка. Поретко, пациентите може да имаат дијареја, гадење и повраќање.

Воспаление на белите дробови - поблага форма

  • На возрасните лица без знаци на тешка пневмонија не им е потребен дополнителен кислород.
  • Дете со лесна пневмонија, кое има кашлица или отежнато и забрзано дишење  (новороденче помало од 2 месеци доколку има над 60 вдишувања / минута; бебе  2–11 месеци над 50 вдишувања / минута; дете 1-5 години има ≥ 40 вдишувања во минута).

Тешка пневмонија

  • Адолесценти или возрасни пациенти: сомневање за респираторна инфекција со треска и еден од следните симптоми
  • - забрзано дишење (над 30 вдишувања во минута);
  • - сериозен респираторен дистрес; или
  • - намалена  перкутана сатурација под 93%
  • Дете со кашлица или отежнато дишење, и еден од следните симптоми
  • - сатурација под90%, 
  • - сериозен респираторен дистрес;
  • - неможност за доење или пиење,
  • поспаност, 
  • несвестица или
  • грчеви. 

ARDS - синдром на акутен респираторен дистрес 

  • Респираторните симптоми може да се влошат една недела по поставување на дијагнозата. Рентген сликата на градниот кош , компјутерската томографија покажува обострано промена и пациентот има потреба од респираторна поддршка (апаратура за потпомогнато дишење) 

Сепса

  • Возрасни лица со знаци за сепса:  променет ментален статус, тешко или забрзано дишење, намалена сатурација, намалено уринирање, забрзано чукање на срцето, слаб пулс, ладни екстремитети или низок крвен притисок, дамки на кожата или лабораториски докази за пореметена коагулација, тромбоцитопенија , ацидоза, високи лактати или хипербилирубинемија.
  • Деца со сепса: сомнителна или докажана инфекција со повеќе од 2 критериуми за системски воспалителен одговор од кои еден мора да биде висока/ниска температура или  намален број на бели крвни клетки.

Септичен шок

  • Возрасни: низок крвен притисок и покрај нормалниот внес на тешности
  • Деца: низок крвен притисок, тахикардија-забрзан пулс или брадикардија-намален пулс;продолжено полнење на капиларите (> 2 сек) : слаб пулс; тахипнеа; ладна кожа ; осип на кожатаво црвена или виолетова боја; зголемени лактати; слабо мокрење; висока или ниска температура).