Редовен здравствен преглед: на 9 месеци
Вашето дете постигна значителен напредок и разви многу способности. Веројатно веќе седи самo, игра со играчки на различни начини, јаде со помош на прстите, ужива да ги имитира возрасните во игрите, користи предмети на правилен начин итн. Вие сте главниот учител на вашето дете и важно е да бидете позитивен пример за него.
Подготовки за посетата на лекар
-
Покрај вообичаените работи, ќе донесете; омилена играчка или сликовница на вашето дете, шише со вода и напишани прашања за педијатарот.
Содржина на превентивната посета
-
Медицинската сестра или лекарот ќе ви постават прашања за проценка на развојот на вашето дете и како тоа напредува во говорот, физичките способности, социјалните вештини и вештините за решавање проблеми. Тоа помага да се откријат посебни таленти кај вашето дете, но исто така и области во кои можеби ќе треба дополнителна поддршка.
-
Следење на растот: Вообичаените мерења на телесната тежина, должината на телото и обемот на главата и вредностите ќе бидат евидентирани и внесени во графиконите за раст.
-
Воведно интервју и советување: Прихранувањето освен доење сè уште е актуелна тема, каква храна можете да му дадете на вашето дете и што да избегнувате, колку оброци да дадете. Можете да разговарате и за однесувањето на детето и за тоа како да го стимулирате посакуваното однесување: посочување што е добро, а што не, поставување граници, укажување на последиците, слушање на детето и посветување на потребното внимание, пофалби за добро завршената работа, обесхрабрување на лошо однесување итн. Важно е сите членови на семејството да ги следат истите правила. Можеби е добро време и да откриете и да разговарате за вознемиреноста која би можела да се појави при одвојување од детето. Треба да се продолжи со додавање на витамин Д и железо во вид на суплементи. Може да добиете и инструкции во врска со правилно одржување на хигиена на устата.
-
Медицински преглед и проценка на развојот: Лекарот ќе изврши редовен клинички преглед на детето и за тоа време ќе можете заедно да ги проверите некои од неговите способности за кои не сте биле сигурни при пополнување на прашалникот.
-
Здрав начин на живот: Продолжете со напори во врска со спречување на изложеност на чад од тутун, спречување на рано изложување на медиуми, не ставајте го вашето бебе во кревет со шише, особено шише што содржи вештачка храна или засладен пијалок, безбедно изложување на сончева светлина и како безбедно да го возите вашето бебе во автомобил
-
Други прашања
- Вакцинација
-
Вакцинацијата не е планирана на оваа возраст, освен ако вашето дете не пропуштило некоја од претходно закажаните редовни вакцини.
Конечно мислење
-
Врз основа на прегледот, набљудувањето на однесувањето на детето и добиените резултати од проценката на развојот, лекарот или медицинската сестра ќе споделат со вас сеопфатно мислење за растот, развојот и здравјето на вашето дете.
-
Доколку има потреба од подетална проценка на развојот, детето ќе биде упатено на друг специјалист или здравствен соработник.
-
Може да добиете и печатен материјал кој ќе ви даде информации за времето на вашата следна посета.
-
Запомнете дека вие сте главниот учител на вашето дете и ви треба поддршка и стручна помош за подобро исполнување на родителската улога. Бидете позитивен пример за вашето дете.