Знаци кои ги даваат бебиња и мали деца: слики

Зна: „Сакам внимание“
Body

Знак: „Сакам внимание“

Контактот со очи е еден начин на кој вашето бебе ви кажува дека го сака вашето внимание.

Вашето бебе може да ја сврти главата и да ве погледне ако сака внимание.

Вашето бебе може да и испружи рацете, да гуга или испушта звуци за да го привлече вашето внимание.

Зна: „Ми треба пауза или промена на активност“

Вашето бебе може да ја сврти главата настрана ако му треба пауза или промена на активноста.

Вашето бебе може да го витка грбот или да плаче ако му треба пауза.

Ако на вашето бебе му е потребен одмор, обидете се да го ставите на подот за да си игра или во кревет, ако е време за спиење.

 

Бебешки знаци за умор

Ако вашето бебе се прозева, ги трие очите или ги грчи рацете или нозете, ова се знаци на умор.

Постарите бебиња и мали деца може да се нерасположени, да плачат и да бараат внимание.

Обидете се да го оставите да се смири во кревет за да може да заспие.