По предвремено раѓање: вашите чувства
Вашите чувства по предвремено раѓање: што да очекувате
Предвременото раѓање може да ја разниша вашата доверба во светот. Нормално е да се чувствувате многу измешани, а понекогаш и спротивставени емоции.
Постојат позитивни емоции, се разбира, како радост и љубов кон вашето новороденче.
Но, вообичаено е да се прашуваме што се случило и што го предизвикало раното породување. Можеби се чувствувате беспомошни, тажни, виновни, вознемирени или трауматизирани од искуството на раѓање. Исто така, може да има загриженост, страв и конфузија кога го гледате вашето бебе во единицата за интензивна нега.
Некои родители може да се чувствуваат лути на себе или на нивните лекари. Или би можеле да се чувствуваат лути на своето бебе затоа што ги направило да се чувствуваат лошо, или за тоа што се родиле предвреме. Ова може да значи дека тие не сакаат да го држат своето бебе или да ја посетат единицата за интензивна неонатална нега (ЕИНН). Сите овие чувства се нормални.
Многу луѓе се чувствуваат како работите да не се сосема реални. И лесно е да се чувствувате немоќни или дека немате контрола врз иднината. Некои родители им е тешко да се чувствуваат дека навистина го “поседуваат” своето бебе додека тоа е во ЕИНН.
Многу мајки го доживуваат денот кога ја напуштаат болницата многу тешко. Разделбата од бебето е уште потешка на денот кога ќе одите дома.
Со текот на времето предизвиците ќе се намалат, и ќе ви биде полесно да се справите со нив. И како вашето бебе станува поголемо и повеќе медицински стабилно, ќе бидете во можност да го држите и да се грижи за него почесто. Како што ќе се запознавает со ЕИНН, ќе се почувствувате и поудобно. Медицинскиот персонал и другите членови на тимот за нега на вашето бебе ќе ви помогнат како да се грижите за вашето бебе.
Сето ова може да ви помогне да се чувствувате посигурни, помалку вознемирени и подобро способни да се поврзете со вашето бебе.
Совети за справување со вашите чувства за предвремено раѓање
Еве неколку идеи кои би можеле да ви помогнат да се справите со негативните чувства и да почнете да се чувствувате попозитивно.
Справување со чувства
- Прифатете ги вашите чувства, какви и да се — не ги отфрлајте. Признавањето на вашите емоции е здрава работа што треба да се направи.
- Разговарајте со некого за тоа како се чувствувате. Ова може да биде вашиот партнер, доверлив член на семејството или пријател, или професионалец.
- Прифатете го начинот на кој се справува вашиот партнер, ако е различен од вашиот. Обидете се да му дозволите на вашиот партнер да ги прави работите на свој сопствен начин и да дознаете како вашиот партнер се чувствува кога зборувате еден со друг и меѓусебно се слушате.
Грижа за себе
- Јадете здрава храна, бидете физички активни, одмарајте колку што можете и одвојте време за работите во кои уживате. Исто така е добра идеја да се ограничи кофеинот и алкохолот и другите лекови.
- Опкружете се со луѓе кои ви помагаат да се чувствувате позитивно.
- Избегнувајте непотребен стрес, доколку можете. Добро е да се излезете некое време надвор како и да направите паузи, за да можете да направите работи само за себе.
- Најдете време да се опуштите секој ден, дури и да се тоа само неколку минути. На пример, дишете длабоко и контролирано, слушајте ја вашата омилена музика или одете на прошетка во парк. Можете исто така да дишете, да слушате музика и да се релаксирате додека седите до вашето бебе.
Да се биде со вашето бебе
- Прославете успеси, позитивни вести и напредок - ваши и на вашето бебе. Вашето бебе може да биде во ЕИНН, но тоа ќе ги постигне своите цели и развојни одредници. Ќе има многу причини да се чувствувате позитивно.
- Близината до вашето бебе помага да се зајакнат сопствените чувства на благосостојба. Можете да го направите ова со тоа што ќе се вклучите во секојдневната нега на вашето бебе.
- Дознајте како можете да му помогнете на вашето предвремено родено бебе. На пример, може да прочитате повеќе за некоја технологија која се применива во ЕИНН или кои се збаците на стрес кај бебето, или да научите како нежно да му ја смените пелената. Само фокусирајте се на едно нешто во исто време.
- Запомнете дека постојат работи кои само вие како родител можете да ги направите. Вашиот допир, мирис и глас се многу важни за вашето бебе. Вие сте исто така најважниот застапник на вашето бебе.
Важно е да се грижите за себе во овие рани денови и недели од животот на вашето предвремено бебе. Кога ќе се грижите за себе, ќе бидете во подобра форма за да се грижите за него.
Идеи од други родители на предвремено родени бебиња: “емоционална листа на желби”
Некои родители на предвремено родени бебиња сметале дека е корисно да се напише емоционална листа на желби за споделување со пријателите и семејството. Еве неколку мисли од листата на желби на еден родител:
- Моето бебе живее и е важно за мене. Морам да го прославам нејзиното раѓање со вас, без разлика колку е болна.
- Ако ми дозволите да плачам, Ви благодарам, затоа што им овозможува на моите емоции да течат и да не се претворат во анксиозност.
- Раѓањето на предвремено бебе не е како било која друга бременост или раѓање, и би било корисно ако не го споредувате моето бебе со другите бебиња”.
- Предвременото породувањето не е заразно, и јас би сакал да не се срамите од мене.
- Ве молам не очекувајте мојата борба да заврши за шест недели, шест месеци или дури шест години. Јас се соочувам со многу конфликтни емоции и иднината ќе покаже дали ќе бидам подобро.
- Ве молам, не ме уверувајте со празни зборови како што се, “Најлошото заврши”. Нашето бебе може да има проблеми во иднина, и наша работа е да му помогнеме да се развие, а во исто време да внимаваме и реагираме доколку се појават проблеми.
- Се надевам дека разбирате дека раѓањето на предвремено бебе ме промени, и не знам дали или кога ќе се вратам на моето старо јас.
Семејствата доживуваат предвремено раѓање на различни и уникатни начини. Да се слушне како другите семејства се справуваат помага, но запомнете дека не постои вистински начин да се чувствувате или одговорите.
Повеќе од „бебешки блуз“: постнатална депресија по предвремено раѓање
Промените во расположението се чести откако имате бебе и варираат од благи до тешки.
Многу жени доживуваат благ тип на депресија во деновите по породувањето. Ако продолжи и станува потешка, може да стане постнатална депресија (ПНД). И мажите можат да страдаат од ПНД.
Знаците на ПНД вклучуваат постојано чувство на тага, ниско расположение, чувство на безнадежност, недостаток на енергија, ниска самодоверба и проблеми со спиењето.
Ако мислите дека страдате од ПНД, потребна ви е емоционална поддршка од семејството и пријателите. Многу родители сметаат дека психолошките третмани се корисни, а антидепресивните лекови исто така можат да помогнат. Добра идеја е да го посетите вашиот лекар, кој може да препорача најдобар третман за вас. Прочитајте повеќе за ПНД кај жените и ПНД кај мажите.