Позитивно внимание од првиот ден

Чувството на детето дека е сигурно и безбедно се гради преку нежна и позитивна врска со неговите старатели. Ако му се насмеете на бебето додека ве гледа, го поддржувате кога е несигурно или уплашено, одговарате на неговите потреби и интереси, го мотивирате да биде активно - детето се чувствува безбедно со вас и ќе биде спремно да го истражува светот околу него најпрвин со вас, а подоцна и со други блиски луѓе.
Body

Поттикнувајте позитивно внимание од првиот ден на животот на бебето:

  • насмевнете се кога бебето ве гледа или ви се насмевнува
  • утешете го бебето кога плаче
  • одговорете му кога испушта звуци: кажете му нешто или имитирајте и звуците кои ги прави
  • зборувајте му на бебето ледајќи го во очи
  • задржете го неговото внимание со менување на тонот на гласот или со правење „фаци“
  • зборувајте му нежно, бавно и тивко
  • забележете што е тоа што му е интересно и охрабрете го да истражува - да земе, да дофати, да се обиде, да фрли, помести, следи со очите, да бара: насмевнете се, кажете му што прави, поздравете го неговиот успешен обид со зборови
  • почекајте бебето да одговори: дајте му време да реагира, без разлика колку едноставна може да биде таквата реакција. Кога ќе му прозборите, на бебето му треба време да разбере што барате или кажувате и да погледне кон вас
  • почекајте, насмевнете се и пофалете го коа ќе успее. Кога му зборувате, бебето ќе сака да испушта звуци и „да ви каже нешто“
  • дозволете му на бебето да учествува. Гледајте во него и кога ќе го смени изразот на лицето, поздравете го тоа со насмевка и нежни зборови